15 Декември, 2025
0.0708

Црните кутии од алжирскиот авион стигнаа во Франција

Објавено во: Свет 28 Јули, 2014 19:38

Добивај вести на Viber

Две „црни кутии“ од алжирскиот авион, кои со 118 патници и членови на екипажот минатата недела се сруши на северот од Мали, допатуваа денеска во Франција на анализа.

Портпаролката на француската истражна канцеларија за авијација Мартин Дел Боно изјави дека „црните кутии“ пристигнале во Франција во раните утрински часови и дека ги превземале експерти.

Таа не можеше да соопшти во каква состојба се „црните кутии“, пренесува агенцијата АП.

Алжирскиот авион се сруши во четвртокот, непосердно пред полетувањето од Уагадугуа, главниот град на Буркина Фасо. Авионот требаше да слета во Алжир.

Во Франција, која ја презеде водечката улога во врска со падот на авионот, знамињата во следните три дена ќе бидат спуштени на пола копје во знак на жалост.

Во меѓувреме, експерти на француската Агенција за истрага и анализа започнаа процес на идентификација на 188 жртви од несреќата.

Во авионот кој леташе од Буркина Фасо за Алжир имаше најмногу француски државјани -54.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави пред два дена дека телата на сите жртви од алжирскиот авион ќе бидат префрлени во Франција.

„Кога ќе биде можно тоа, телата на сите жртви ќе бидат префрлени во Франција“, рече Оланд пред новинарите после состанокот со членовите на семејствата на жртвите.

Француски официјални лица во саботата соопштиле дека најверојатно причина на падот на авионот биле временските услови, но не ја исклучуваат ниту можноста за терористички напад.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете