18 Декември, 2025
0.0614

Црно им се пишува на лозарите! Кој им украде 25 милиони евра?

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2023 07:22

Добивај вести на Viber

Жителите на Тиквешијата се соочуваат со невиден егзистенцијален  притисок кој во момент може да експлодира во социјална револуција. Малку ли им беше неизвесноста од банкротот на „ФЕНИ“ од кој на конце висат 800 семејства и многу локални фирми? Капак е пропадната лозарска сезона во која дождот и сушите однесоа во неповрат род вреден над 20 милиони евра...

Лозарите во Македонија имаат исклучително тешка и траорна година. Земјоделците кои живеат од производство на грозје се соочуваат со сиромаштија откако нивниот овогодишен род пропадна. А и тоа што можеше да се набере и продаде е со ниска цена заради квалитетот.

Официјалните бројки се немилосрдни и покажуваат дека откупот на грозје во август и септември годинава е само 7 отсто во споредба со истиот период 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Дождливата пролет и сушното лето направија годинава родот на грозје да биде осакатен по винските региони во земјава и при тоа особено беше погодена Тиквешијата срцето на винска Македонија.

Во периодот јули, август и септември лозарите продале само 25.440 тони грозје. Тоа во споредба со истиот период лани е ниво на статистичка грешка. Затоа што лани во овој период македонските лозари продале над 361.000 тони грозје.

Годинава август бил месец што ќе остане како очаен односно најслаб период за берба и предавање грозје. Затоа што биле откупени само 1.350 тони грозје што е 2,8 пати помалку од лани. Но тоа не е најлошото! Хоророт доаѓа во септември кој традиционално е месец на гроздоберот. Предадени се само 24.000 тони грозје. А тоа е помалку од 7 отсто од откупеното грозје лани кога во сепмтеври лозарите предале 357.000 тони грозје.

Колку пари толку музика!

Годинава од гроздоберот лозарите наплатија помалку 10 милиони евра за перодот јули, август и септември. И тоа не се случило никогаш порано.

Претходната година од продажба на грозје само во септември лозарите наплатија 30 милиони евра! Истиот месец годинава вредноста на откупеното грозје изнесува 8 милиони евра.

Официјалните податоци за ДЗС покажуваат дека лозарите годинава се банкрот. А особено се погодени земјоделците од Тиквешијата затоа што нивната егзистенција е сериозно нарушена дополнително и со неизвесноста и стравот од затворањето на „Еуроникел индустри“ (поранешен ФЕНИ) најголемата индустрија во тиквешкиот регион.

Останува да видиме дали од надлежните инстанци ќе добијат некаква помош и поддршка. Во секој случај за да ги пребродат претстојните тешки зимски месеци ќе треба да посегнат по нивните залихи од претходни години и да ги продадат во зорт без да има простор да се пазарат за цена.

Тие веќе на предупредувачки протест побараа државна помош од 5 денари за секој откупен килогам грозје и враќање на старите стимулации од 40.000 денари за лозови насади под еден хектар и 48.000 денари за насади над еден хектар.

Извор на податоците https://www.stat.gov.mk/pdf/2023/5.1.23.16_mk.pdf

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?