Добивај вести на Viber
Црне Гора ќе бара нафта и гас под Јадранското море. Имено, како што информира црногорскиот министер за економија, Владимир Кавариќ, Владата веќе распишала тендер за истражување, кој ќе биде отворен во следните седум месеци, односно до февруари 2014 година.
„Владата на Црна Гора донесе одлука за распишување на тендер за истражување на нафта и гас под морето. Станува збор за површина од 3.000 квадратни километри“ - рекол Кавариќ.
Тој навел дека постои интерес од странски компании за таа цел, додавајќи дека црногорската влада преку условите на тендерот јасно одредила кој може да се пријави за истражување.
„На тендерот нема да може да учествуваат компании од земји со кои Црна Гора нема право на соработка, како и фирми на кои не им е познат сопственикот“, додал тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.