Добивај вести на Viber
Неверојатни 197.000 евра изнесува највисоката месечна плата исплатена во текот на оваа година во Црна Гора, соопшти директорот на црногорската Даночна управа, Милан Лакиќевиќ.
Тој забележа дека оваа плата е повеќе од три пати повисока од досегашниот рекорд од 62.833 евра. Лакиќевиќ не кажа во која дејност работи лицето што зело плата од речиси 200.000 евра, но забележа дека во сумата веројатно се вклучени и бонуси и додатни примања.