Црногорска иницијатива – со балканска соработка до економски просперитет
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2013
Со регионална соработка на шест балкански држави, полесно до евроатлантските интеграции, но и до надминување на економските проблеми. Со овој став Владата во Црна Гора повика на создавање нов концепт на регионална соработка во кој ќе се вклучат Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.
Според написите во црногорските медиуми ако заживее иницијативата, би пружила конкретни и широки подрачја за соработка, ќе помогне во ублажување на негативниот учинок на кризата, стабилност на регионалниот пазар, заеднички настап на трети пазари, енергетика, интегрираран пристап до фондови за сообраќајници од регионално значење, што би било прецизирано со посебен договор.Со иницијативата се планира и разгледување на укинувањето на обрската за поседување пасош при преминот на меѓусебните граници, но и поквалитетна заштита на малцинствата, социјална заштита и заштита на животната средина, како и соработка и умрежување на здравствените институции.
Црногорските медиуми веќе пренесоа дека шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ неодамна во Брисел оваа иницијатива му ја претставил на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ја поддржал идејата за групирање по углед на другите регионални модели на соработка во Европа.