ЦРТЕЖИТЕ НА КОСТА СЕ МРАЧНИ И МОРБИДНИ: Психолозите преку нив го дефинираат момчето
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2023 14:04
Момчето Коста Кецмановиќ изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ и поради тоа грозоморно злосторство со месеци е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград.
Иако во оваа институција има посебни ограничувања, како што неофицијално дознаваме од извори од истрагата, Коста веќе подолго време има пристап до хартии кои главно ги користи за цртање, а кои во исто време им помагаат на психолозите да дознаат и да утврдат што е во умот на момчето-убиец.
- Не црта секој ден, но кога го прави тоа се најчесто некои темни слики во кои не може да се најде ниту една позитивна работа. Имено, на хартиите нема нацртана природа, насмеани луѓе и животни, туку чкртаници кои тешко некој ги разбира. Токму овие цртежи им помагаат на психолозите да утврдат за што мисли тинејџерот и дали чувствува каење за тоа што го направил - објаснува извор од истрагата.
Како што исто така додава, тимот на експерти е шокиран од однесувањето на момчето бидејќи тоа не чувствува никакви емоции, ниту пак ги покажува.
- Факт е дека Коста има затемнување на умот и неговото однесување го покажа тоа. Исто така, цртежите се уште еден индикатор. Психолозите велат дека не постои ниту еден цртеж на кој може да се каже дека момчето се обидува да изрази каков било вид на покајание. Впрочем, тој дополнително покажува дека не чувствува ни трошка емпатија за сето она што го направил – заклучил изворот од истрагата.
Како што пишувавме претходно, момчето-убиец објави грозоморни слики на својот Фејсбук и Инстаграм профил пред самиот масакр. Едната фотографија беше профилна слика на која се гледа стуткана хартија на тепихот, додека другата слика беше прилично бизарна и може да укаже дека нешто алармантно се случувало во потсвеста на момчето подолго време.
Се работи за фотографија во виолетова боја која е фотошопирана така што очите се прецртани со крстови, а устата е сошиена!
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




