15 Декември, 2025
0.0474

ЦУКЕРБЕРГ ОТПУШТИ 11.000 ЛУЃЕ ОД ПРЕСТИЖНИОТ ГИГАНТ: Објавен бројот на оние кои ќе останат без работа

Објавено во: Свет 09 Ноември, 2022 13:49

Добивај вести на Viber

Технолошкиот гигант Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, денеска почна да отпушта работници. Околу 11.000 работници или околу 13 отсто од вкупниот број вработени ќе бидат отпуштени. Тоа е најзначајното намалување на работните места во историјата на компанијата.

„Сакам да преземам одговорност за овие одлуки и за тоа како дојдовме овде. Знам дека ова е тешко за сите и особено ми е жал за погодените“, напиша сопственикот и основач на Мета, Марк Закерберг во писмото до вработените.

Еден ден пред почетокот на отпуштањата, Цукерберг се сретнал со директорите за да разговараат за отпуштањата, пишува Њујорк Тајмс, цитирајќи две лица кои биле присутни на состанокот. Еден од тие луѓе за американскиот весник изјавил дека извршниот директор ја презел одговорноста за намалувањето на бројот на вработени, велејќи дека неговата компанија пребрзо растела, пишува nova.rs.

Мета, исто така, ги откажа плановите за патување на вработените за да се осигура дека тие се достапни за состаноци со менаџерите доколку нивниот тим бил погоден од отпуштањата, рекоа уште три лица.

На крајот на септември Мета имаше 87.314 вработени, што е најголем број вработени во историјата на Мета. Во еден момент минатата година, Мета беше проценет на милијарда долари, но во текот на оваа година започнаа финансиските проблеми за Мета, кои кулминираа со отпуштања. Во јули, Цукерберг ги предупреди вработените дека компанијата доживува „еден од најлошите падови што сме ги виделе во поновата историја“ и најави замрзнување на вработувањата во септември.

Минатиот месец, тој предупреди дека „тимовите ќе останат стабилни или ќе се намалат во текот на следната година“ и додаде дека компанијата „ќе ја заврши 2023 година приближно со иста големина или дури и малку помала организација отколку што е денес“.


Можеби ќе ве интересира

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат