20 Јануари, 2025
0.0255

Д-р Борозанов: државна кардиохирургија, добра но задоцнета идеја!

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

На клиниката за кардиологија постои простор за Кардиохирургија  подготвен уште пред десет години, и дел од лекарите кои тогаш учествувале во проектот велат дека се зачудени што тој не се спомнува. Поранешниот претседател на Лекарската комора на македонија, инаку специјалист - кардиолог Владимир Борозанов вели дека ја поздравува најавата на владата и Министерот за здравство за отворање на државна кардиохирургија, но вели се работи за малку задоцнета идеја која требала да биде реализирана многу порано. Ние пред десетина години како клиника сами собиравме пари за формирање на кардио – хирургија, направивме доградба, дури го намаливме и капацитетот на клиниката. Направени се две операциони сали, лифт до 3 – тиот кат, не знам што стана потоа го стопираа проектот. Инаку ние потрошивме куп пари, остана да се внесе опремата и да се завршат занаетчиските работи, оттогаш просторот остана заборавен десет години – вели Владимир Борозанов, поранешен претседател на Лекарската комора Професорот Борозанов објаснува дека според него и во сегашниот проект на министерството за здтавство се прават грешки, бидејќи се најавува создавање на катедра за кардиохирургија на медицинскиот факултет пред да се создаде кадар за предавање. Според Боозанов кадри се создаваат по пат на специјализација, а катедра на медицинскиот факултет треба да се отвори кога ќе се создадат услови. Државна кардиохирургија достапна за два месеца? Како што најави Министерот за здравство Никола Тодоров двете приватни кардиохирургии ќе добијат конкуренција за околку два и пол месеца, кога ќе почне со работа државната кардиохирургија. Според најавите новата установа прво ќе биде сместена во просторот на Хируршки клиники, а потоа на Клиниката за кардиологија. Министерот за здравство Никола Тодоров вели дека за 700 илјади евра ќе се реконструира и адаптира простор од 600 квадратни метри. Исто така ќе се набави и опрема за  1 милион и 700 илјади евра. Ова е новина што е најавувана, голем број ја имале како своја идеја, но досега не била реализирана. Четириесет години е предизвик што го имале поголем број истакнати професори и здравствени работници. Епидемиолошките податоци за стапката на заболување и смртност од кардиоваскуларни заболувања ја потврдуваат потребата од отворање државна кардиохирургија и искрено мислам дека ова е сонот на повеќе влади, министри и здравствени работници. И овозможувањето конкуренција во оваа област е причина за отворање државна кардиохирургија - рече Никола Тодоров – министер за здравство Она што министерот Тодоров не го откри е кои кардиохирурзи ќе оперираат на државната кардиохирургија. Во државата веќе десетина години финкционираат две приватни кардиохирургии каде водечки експерти се Жан Митрев во Филип Втори, и Салис Таџер во Систина. Министерот Тодоров вели дека договорите за оперирање на пациентите на државна сметка во овие институции остануваат да функцинираат, без разлика на отворањето на државна кардиохирургија. Без пакет за здравствени услуги секоја реформа е бесмислена Дел од познавачите реагираат и дека повторно здравствените реформи се носат паушално, без доволна анализа за погодностите. Методија Трајаноски, експерт за социјална медицина вели дека и оваа реформа не смее да се направи без јасно дефиниран пакет на основни здравствени услуги. И Трајаноски се согласува со Борозанов, дека се работи за стара идеја која треба да се реализира, но прашува зошто актуелниот министер, но и неговите претходници не ги слушале своите советници кои ионака земаат плата за својата работа. Идејата за државна кардиохирургија не е нова, таа е пласирана уште многу одамна и за таа цел се направени безброј студии за тоа колку ќе чини, каде ќе биде сместена, каков кадар и од каде ќе работи на таа клиника и т.н. Впрочем експертите од кабинетот на министерот останаа глуви на сите бесплатни совети кои им беа укажани години наназад. Еден професор кој беше директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија беше експресно сменет пласирајќи ја истата идеја за државната кардиохирургија. Тој сега работи како кардиохирург во една престижна клиника на блискиот исток. Дали ќе го повикаат да се врати? Има и други како него, што покажува дека ние немаме потреба од странски лекари – вели Методија Трајаноски, експерт за социјална медицина и јавно здравје Во контекст на отворањето на државна кардиохирургија Трајаноски додава дека мерките кои би допринеле за подобрување на функционирањето на здравствениот систем и кои ќе имаат вистински ефект врз системот, мора да се однесуваат на начинот на финансирање и од каде ќе пристигнуваат тие финансиски средства. Во случај кога задолжителното здравствено осигурување би требало да ги осигури сите свои осигуреници подеднакво и квалитетно, но не е во можност да го следи развојот на медицината и технологијата, како и молскавичниот влез на приватниот сектор во јавното здравство, тогаш се поставува прашањето – од каде и на каков начин би се обезбедиле дополнителни средства кои неминовно ќе треба да влезат во здравствениот систем и тоа по законски пат, а не како досега – директно од џебот на македонскиот граѓанин. С.Р.

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије