Д-Р ДАНИЛОВСКИ: Светлината на крајот на тунелот станува се посилна, епидемијата ќе заврши на почетокот на јули
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2021
Д-р Драган Даниловски вели дека се гледа светлината, а дека епидемијата поминала ќе речеме најверојатно некаде на почеток на јули.
Ова тој го кажа во гостување за Канал 5.
„Светлината на крајот на тунелот станува се посилна затоа што оној ткн. ефективен репродукциски број се движи околу 0,5. Тоа значи дека 10 заразени, болни, можат да заразат само петмина. Тоа значи дека неизбежно се случува стивнување, спласнување на епидемиското ширење. Од друга страна, колективниот имунитет сигурно е веќе некаде преку 60 отсто, можеби и некаде 65 проценти. Исто така, просечната стапка на позитивни тестови конечно падна под три отсто, и нешто што е многу битно, ткн. 14 дневна просечна инциденција, значи просечен број нови случаи, вчера е веќе 55 нови случаи на 100.000 жители, тоа е некаде 11,3 отсто помалку од претходниот ден кога имавме 62. Бројот на починати опаѓа, иако смртноста е уште висока. Бројот на хоспитализации опаѓа, значи се релаксира здравствениот систем. Е сега ако се појави од некаде индискиот мутант, веројатно ќе се влоши малку состојбата, но дури наесен, но не можеме да очекуваме висок бран, едноставно заради стекнатиот колективен имунитет“, рече д-р Даниловски.
За свадбите, вели, при се пониски ризици, логично е и постепено релаксирање на мерките.
Прашан кога да очекуваме конечен крај на епидемијата, вели дека за да прекине ширењето треба 14 дневната инциденца да се спушти под 20.
„Тогаш можеме да речеме дека епидемијата помина и при такви бројки можат да се релаксираат сите мерки, а тоа би било почетокот на јули, крајот на јуни, и да остане добар дел од летото за уживање“, вели оптимистички овој лекар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.