Д-Р ЛИЛИЈА ЧОЛАКОВА ДЕРВИШОВА: Стимулацијата од 30 денари е бомбастична, но нема да има ефект
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021 11:33
Матичните лекари велат дека стимулацијата која синоќа на
седница ја изгласа Владата, а се однесува на нив, доколку постигнат 70 отсто
вакцинираност кај пациентите, е бомбастична мерка, но нема да даде ефект.
Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари вели дека педијатрите работат со мала популација која и онака не се вакцинира, другите лекари имаат пациенти кои или се прележани, или веќе се вакцинирале или пак имаат возрасни пациенти кои би можеле да имаат контраиндикации и нема да се имунизираат. Таа смета дека ниту еден матичен нема да го достигне бараниот процент за добивање на стимулација. Чолакова Дервишова објаснува дека на тема вакцинација тие со пациентите разговараат веќе две години, но ниту еден лекар нема да се дрзне да убедува пациент да се вакцинира, доколку тој не сака.
„Стимулација со услов не е стимулација. Во сите други соседни држави лекарите беа наградени без да се бара исполнување на некој услов. Пациентите си имаат загарантирано право со Устав и со закон самите да одлучуваат за себе. Ниту еден лекар нема да се дрзне да убедува некого да се вакцинира и да ја сруши таа доверба која ја градел 30 години“, рече Чолакова Дервишова.
Таа додава дека и во другите сфери кај нас, кога се наградуваат одредени кадри, тоа обично е без некакви услови. Вели дека 30 години не е направено ништо за примарното здравство во земјава.
30 денари од пациент за матичните лекари доколку 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат. Оваа предлог одлука беше донесена официјално на 122-та Седница на Владата.
С. А.
ФОТО: ФејсбукМожеби ќе ве интересира
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс




