26 Ноември, 2024
0.0299

Д-Р: НИКОЛА ПАНОВСКИ: ПЦР тестовите и по долго време покажуваат остатоци на ковид, но пациентите кои го прележале не се закана за ширење на вирусот

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Голем дел од пациентите кои го прележале вирусот на корона уште долго време остануваат позитивни. По заминувањето од болница веднаш одат во самоизолација, а откако ќе поминат две недели повторно им се зема брис, кој доколку е позитивен наложува останување во изолација уште дополнители две недели. Всушност, пациентите кои се излекувале и кои немаат никакви симптоми, мора да останат изолирани се додека тестот е негативен.

Ова правило според професорот Никола Пановски, специјалист микробиолог е нехумано, бидејќи како што вели, тие пациенти практично не се закана за ширење на вирусот, и покрај тоа што тестовите им се позитивни.

-Има примери во нашава земја кога пациенти и по прележан Ковид-19 во болнички услови остануваат дома изолирани со месеци зошто тестовите и понатаму им се позитивни. Но, сметам дека тоа е недостаток на ПЦР тестовите кои може да докажат дел од РНК на корона вирусот и по многу подолг период, односно докажуваат присуство и на најмали делчиња, односно мртви клетки на вирусот кои останале во човековиот организам, што во ниту еден случај не значи дека пациентите се заразни за останатите и дека и понатаму се закана за ширење на вирусот, вели д-р. Никола Пановски за Фактор.

Во нашиот разговор, д-р. Пановски појаснува дека колку подолго пациентите се бореле со болеста, толку подолго може да исфрлаат мртви клетки од корона вирусот, заради што дури и три, четири, пет теста може да се позитивни.

-Без потреба се држат во изолација луѓето. Тие не се заразни. Мртвите клетки на вирусот не се опасност за никого, иако ПЦР тестовите ги докажуваат дека постојат во организмот на пациентите. Многу ретко, по деветиот ден од инфицирањето може да се најде жив вирус, кој е всушност реалната опасност за понатамошно ширење на заразата. Секако, ова се докажува со култивирање на живите клетки и се користи за научни истражувања. Важно е да се нагласи, дека и по две недели и по еден месец, па и подолго, вирусот може да остане во грлото и во ждрелото од каде се зема брис за анализа, што укажува дека е потребно подолго време за да се изгуби целосно, нагласува д-р. Пановски.

Инаку, има многу примери и во соседството, но и во светот кога и пациенти со многу лесна клиничка слика, дури и без никакви симптоми, покажуваат позитивност на неколку направени теста, што според голем дел од лекарите предизвикува огромна нервоза кај луѓето, односно кај пациентите кои навистина се чувствуваат во добра здравствена состојба, а сепак го имаат вирусот во организмот. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ