14 Септември, 2024
0.0261

Д-р Огњен Брборовиќ: Новите производи без согорување се помалку штетни од цигарите

Објавено во: Економија 12 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Кога се бориме со која било зависност и со некоја штетна појава во општеството, постојат три основни јавно-здравствени принципи. Еден од нив е да се намали достапноста. Потоа го имаме принципот на намалување штети во јавното здравство, а третиот пристап е намалување на потребата, истакна во интервју за „Независне новине“, доктор Огњен Брборовиќ, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Загреб.

Кога е-цигарите, уредите за загревање и никотинските вреќички ќе ги споредиме со цигарите, каква е разликата кај производите, но и влијанието на здравјето?

Брборовиќ: Овие производи веќе долго се присутни на пазарот, но постојано се појавуваат и нови производи. Тие повеќе не се нарекуваат тутунски производи, туку никотински производи и имаат малку заеднички работи, освен никотинот. Некои дури не се ни палат, ниту вовлекуваат, туку едноставно преку усната слузница се апсорбира никотин. Имаме цела низа производи наспроти цигарите, кои се всушност и најтоксични. Нема никакво сомневање дека сите овие нови производи предизвикуваат помала штета. Кога велам помала, не мислам на маргинално помала штета, периферно помала, туку на сериозно помала. Зборуваме за пет, десет, па дури и 100 пати помала штета од цигарите. Цигарата е апсолутно најлоша од сите тутунски и никотински производи. Новите, алтернативни производи се помалку штетни.

Што точно подразбира концептот за намалување на штети?

Брборовиќ: Кога се бориме со која било зависност, со некоја штетна појава во општеството, постојат три основни јавно-здравствени принципи. Еден од нив е да се намали достапноста. Во поглед на тутунот и никотинот, намалената достапност е всушност забрана за продажба на децата помлади од 18 години. Потоа го имаме принципот на намалување на штети во јавното здравство. Тоа е принцип кога не го забрануваме однесувањето, туку пробуваме да осигураме начини, методи и пракси, со кои ќе се намали штетата. Кај пушењето и зависноста од никотин и тутун, намалувањето на штети значи да им се овозможи на луѓето кои се пушачи, едноставно да преминат на друг метод и да продолжат со својата зависност, бидејќи не можат да престанат. Ако не им дадеме производи со помала штета, тие најверојатно никогаш нема да престанат да пушат и потоа веројатно во некој момент ќе развијат болест. Третиот пристап е пристап за намалување на потребата. Јас како оптимист, професор и доктор кој се надева на подобро општество, сметам дека тоа е методот на кој се исплати да се работи најмногу, бидејќи всушност претставува работа со едукација на деца.

ЕУ сака до 2040 година да го намали бројот на пушачи под пет проценти. Дали тоа е  можно да се постигне во земјите од регионот?

Брборовиќ: Невозможно е, бидејќи ништо не правиме. А доколку очекуваме дека тоа спонтано ќе се случи - нема. Тоа е една вкоренета зависност. Ние баш ништо не правиме, па поради тоа и ништо нема да се промени.

Можат ли производите со помала штетност нешто да променат или да водат кон престанок на пушењето?

Брборовиќ: Ако можеме нешто да научиме од Шведска, која дефинитивно во моментов е предводник, тогаш можеме да научиме дека бројот на корисници на никотин всушност не е намален. Тие имаат пет отсто пушачи, но кај нив значително е застапен бројот на корисници на снус. При влегувањето во ЕУ, Шведска го заштити своето право на користење на тутунски вреќички. Буквално се работни за уситнет тутун во платнени ќесички, кои потоа се држат во устата помеѓу непцето и образите и кои полека ослободуваат никотин. Тој производ се нарекува снус, а овие ќесички со тутун се забранети во целата Европска унија. Никаде не можете да ги купите, само во Шведска. Тие ја препознаа важноста на оваа промена од цигарите на помалку штетен производ и всушност ги охрабрија своите граѓани повеќе да се ориентираат кон снус, како алтернатива.

Дали снусот и никотинските вреќички се исто или постои разлика?

Брборовиќ: Не се исто. Ќе израсне растението тутун, потоа ќе се исуши, подготви, исече и ќе се стави во ќесичка. Тоа станува тутунска вреќичка, односно снус. Никотинската вреќичка е производ што нема тутун во себе. Содржи целулоза и никотин. И овие вреќички се нарекуваат никотински вреќички.

Што е поопасно: никотинот или чадот? И што е полошо: да се биде активен или пасивен пушач?

Брборовиќ: Секогаш е полошо да се биде активен пушач. Никотинот има една токсичност која е од прилично низок степен, освен ако премине во високи дози. Таа токсичност е на нивото на овие производи со помала штетност. Чадот е она што е најстрашно. Во него се сите карциноми, сите ацетони, јаглерод моноксиди. Никому не би му препорачал да стане зависник од никотин, но ако веќе некој е пушач, со мирна совест би го советувал да премине на алтернативните производи без чад, со помала штетност.

Можеби ќе ве интересира

УРИВА РЕКОРДИ: Колку чини унца злато?

УРИВА РЕКОРДИ: Колку чини унца злато?

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши

Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ - Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ - Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

Кирил Величковски нов генерален директор на Империал тобако

Кирил Величковски нов генерален директор на Империал тобако

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

СЕ ДЕФИНИРА КОЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ГРАДЕЖНО – ќе се менува Законот, еве што се се предлага

Димитриеска Кочоска: Благодарност до директорката на УЈП за успешната акција во Струмица

Димитриеска Кочоска: Благодарност до директорката на УЈП за успешната акција во Струмица