19 Декември, 2025
0.0654

ДА СЕ БИДЕ ПРОФЕСОР ОВДЕ ИЛИ ГРАДЕЖНИК ВО СТРАНСТВО: Македонците ја бираат опцијата која носи повеќе пари

Објавено во: Економија 27 Мај, 2020 07:26

Добивај вести на Viber

Во Македонија пред да почне корона кризата, се случуваше работници да ги напуштат своите сигурни работни места со цел да заминат во странство и да работат физичка работа која е поплатена.

Се случувало професори да заминат да работат како градежници или возачи на камион надвор од државата, со цел да си обезбедат поголема заработка.

„Доколку имам шанса и јас би заминала, и би работела што било, само да си обезбедам простоен живот. Едноставно со плата од 30.000 денари не може да се живее убаво, ако имате кредит и морате да ги подмирите тие обврски. Јас разбирам дека во едно општество мора да има нееднаквост, но да не биде толку голема. Тешко е ако човек живее од плата и нема други приходи. Познавам професор кој наскоро планира да ја остави работата во просвета и да оди надвор од државата да работи“, вели вработена во образование.

Од агенциите за посредување при вработување, раскажуваат дека многу луѓе со високо образование заминуваат во странство, а Германија е најпосакувана дестинација. Но, додаваат дека без познавање на јазик, нема вработување.

„Секој си го бара патот. Имало луѓе со завршен факултет, со различни струки, одат во странство каде ќе заработуваат 4 до 5 пати повеќе, а работата е истата, затоа што таму во недела не се работи. Работат во маркети, во Мекдоналдс, но јазик мора да се знае. Без јазик никој не вработува“, вели Борче Стојанов, посредник за вработување.

Најатрактивна земја за работа е Германија поради платите.

Во Германија лекар заработува и до 10.000 евра месечно, a лани просечниот месечен приход по граѓанин во земјата изнесувал 3.994 евра бруто. Оваа сума е без да се одземат даноците, здравствено осигурување, осигурување од невработеност, социјален данок. 

Во 2010 година, просечниот месечен бруто приход на еден Германец бил нешто повеќе од 3.200 евра.

Во 2019 година просечната заработка на еден германски граѓанин изнесувала 3.994 евра бруто.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар