Добивај вести на Viber
„Изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе поплави три населби во јужниот дел на Македонија, а ќе предизвика и големи ходрогеолошки и миграциони промени. Пред да реши да се вклучи во неговата реализација македонската влада треба сериозно да ги разгледа позитивните и негативните ефекти на овој мега проект“, вели во интервју за српска Политика, Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти, на Градежниот факултет во Скопје.
Според професорот, надлежните институции во Македонија треба внимателно да ги анализираат сите аспекти од овој мега проект, бидејќи со изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе се поплават големи земјоделски површини во Македонија и најмалку три населени места во Тиквешко- Гевгелискиот регион. Тоа ќе предизвикува негативни социјални влијанија – миграција на населението и професионални преориентации.
Како што пренесуваат српските медиуми, според анализата на професорот, проектот ќе ги промени хидрогеолошките услови во одредени региони, така што во гевгелиско-валандовскиот регион наводнувањето би требало да биде заменето со одводнување.
„Овие промени укажуваат дека е неопходно да се направи студија за изводливост на проектот“ објаснува Петковски за српските медиуми.
Потребна е нова анализа бидејќи состојбите се изменети последниве 40 години
Професорот потсетува дека овој проект е занемарен во последните четри децении, а техничката документација која што постои не е ажурирана и обновена.
„Во овој период се заострени еколошките и социјалните аспекти на овој проект, а изменети се и стандардите за пловни патишта кои ќе ја гарантираат неговата рентабилност, пред се бидејќи се изградени нови транспортни системи, односно современ автопат и нафтовод од Солун до Скопје, објаснува професорот.
Петковски смета дека надлежните институции во Македонија би требало внимателно да ги анализираат позитивните и негативните ефекти на овој мега проект и да ја утврдат неговата економска исплатливост и оправданост.
„На проектот треба да се гледа со голема внимателност бидејќи ќе голтне огромни финансиски средства. Ќе ја задолжи земјата. Доколку не даде очекувана добивка, може да го забави понатамошниот раст ан државата“ смета Петковски и нагласува дека Македонија нема капацитет да финансира толку скап инфраструктурен систем, каде е деликатен интересот на државата во проектот.
„Вклучувањето на Македонија во проектот Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе ги исцрпи сите расположливи средства и ќе ја занемари реализацијата на другите важни хидосистеми кои што треба да се градат во државата“ потенцира професорот.
Петковски меѓу другото, во интервјуто за Политика потенцира дека Вардар во поглед на билансната вода е многу неповолен за организирање на воден сообраќај, а уште е понеповолен за хидрологијата на реката Пчиња во чија што долина е лоцирана третина од пловниот канал во Македонија.
Дали проектот е економски исплатлив?
Идеjата за изградбата на пловниот канал Дунав – Морава - Вардар – Солун стара повеќе од 100 години ја актуелизираше српскиот премиер Ивица Дачиќ. Тој на минатонеделната средба го информираше премиерот Никола Груевски за досегашните активности од српска страна порзани со овој проект, при што македонската Влада даде целосна поддршка за идејата за разработка и анализа на проектот инициран од страна на Србија.
Според Груевски, проектот содржи голем економски потенцијал, но оти најпрво треба да се утврди неговата исплатливост.
„Овој проект може да има голем придонес за развој на економијата. Се работи за крупен проект за кој најпрво треба да се изработат студии околу неговата исплатливост“, рече Груевски.
Дачиќ истакна дека поради неговата монументалност Србија пристапува многу аналитички на овој проект, и во тој контекст, тамошната влада веќе потпишала протокол со кинеска компанија која треба да изработи студија на исплатливост.
„Тоа е проект стар повеќе од 100 години за кој прво од наша страна треба да се проучи дали е оправдан и со таа цел српската влада потпиша протокол со кинеска компанија што ќе изработи струдија на изведливост. После тоа, доколу има интерес и се покаже дека тоа е оправдано, ќе работиме на реализиација, иако сме свесни дека е тоа голем проект кој ќе бара голем износ на средства и сигурно ќе претставува еден од најголемите проекти кои би се граделе во Европа во овие години. Тоа е засега само идеја и ќе видиме дали е тоа воопшто можно“, рече српскиот премиер.
Водениот пат од Северна Европа до Средоземно море ќе се скрати сегашната траса за 1.200 километри во однос на трасата преку Црното море. За овој зафат се потребни 17 милјарди долари, а според оптимистичките прогнози би можел да биде завршен за осум години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.