Да се плати данокот на имот, апелира Град Скопје
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2013
Град Скопје апелира до сите физички и правни лица, даночни обврзници кои поседуваат недвижен имот на територија на градот, да го подмират своите обврски доколку имаат неплатен данок на имот заклучно со 2012 година.
Од Градот најавуваат дека ќе почнат со примена на законските одредби за присилна наплата доколку даночните обврзници по доставувањето на опомените за неплатени обврски за изминатите години не го подмират долгот во пропишаниот рок.
Град Скопје ги известува и сите правни лица и трговци поединци кои што не го намириле својот долг по основ на комунална такса – фирмарина за 2012 година да го намират, во спротивно ќе се применат законските одредби за доставување опомени за неплатени обврски за 2012 година.