Да се предадат или ќе умрат, сепаратистите велат дека Украинците во Северодоњецк немаат избор
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2022 14:42
Сепаратистите им порача на Украинците во градот Северодоњецк или да се предадат или ќе умрат.
Руските сили сега контролираат голем дел од Северодоњецк, центарот на крвавата битка за Донбас.
„Тие имаат две опции - или ќе го следат примерот на своите колеги и ќе се предадат или ќе умрат“, рече Едуард Басурин началникот на Одделот за народна милиција на ДПР, пренесе Ројтерс.
Украина упати сè поитни повици за испорака на западно оружје како помош во одбраната на Северодоњецк, за што Киев вели дека е клучот за исходот на битката за контрола на источниот регион Донбас.
Началникот на воената администрација на регионот Луганск, Серхиј Хејдеј денеска изјави дека Украина сè уште успева да евакуира некои луѓе од градот, пишува Си-ен-ен. Се смета дека 500 луѓе се во фабриката Азот. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Денеска е 110 ден од војната во Украина.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




