05 Декември, 2025
0.0603

„Да ставаа асфалт со лажичка досега ќе имавме пат“

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2012 07:30

Добивај вести на Viber

За многумина патот Радовиш - Струмица беше „пат на смртта“, бидејќи многу често се случуваа собраќајни несреќи со трагични последици. Според статистиката патот Струмица-Радовиш е еден од најнебезбедните во државата, но и мошне ферквентен. Дневно по него поминуваат над три илјади возила.

Ристо Тасев

По точно 60 години жителите од Струмичкиот и Радовишкиот регион ќе го дочекаат денот кога повеќе нема да ги кршат своите возила минувајќи го овој патен правец послан со макадамска коцка, последен таков пат во државата. Изградбата на последната делница во должина од 10 километри меѓу селата Сурдулци и Радичево е при крај и на почетокот на идната година треба да биде предадена во употреба. Изградбата и реконструирањето на овој патен правец, долг 30 километри, почна пред 20 години со асфалтирање на делницата до селото Владевци. Продолжи десет години подоцна, во времето на владата на Љубчо Георгиевски, кога беше изградена делницата од Струмица до селото Василево. Во времето кога премиер беше Владо Бучковски беше изградена делницата од неколку километри  на потегот од излезот на Радовиш до кључката кај селото Воиславци, и сега конечно привршува изградбата на последната делница. -Да ставаа асфалт со лажичка досега ќе немаше ниту една коцка, велат жители на повеќе населени места, реагирајќи на дведецинската долга изградба на патот. За многумина овој пат досега беше „пат на смртта“, бидејќи многу често се случуваа собраќајни несреќи со трагични последици. Според статистиката патот Струмица-Радовиш е еден од најнебезбедните во државата, но и мошне ферквентен. Дневно по него поминуваат над три илјади возила. Месечно се случувале по три сообраќајни незгоди, од кои повеќето со смртни последици. Граѓаните реагирале до надлежните и изнесуваат фрапантни податоци за дефектите кај возилата предизвикани од руинираната патна површина. -Реагирав неколку пати до полицијата. Имаше многу случаи на дефекти. Еден ден буквално секој час доаѓаа возачи во мојот сервис да им ги залепам дупнатите гуми, вели еден сопственик на авто сервис кај селото Радичево. Последната делница од патот Струмица-Радовиш требаше да биде завршена во август лани. Доцнењето е предизвикано поради пробивање на роковите за изградба од поранешните изведувачи. Тоа го истакна и вицепремиерот Зоран Ставрески, кој заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, дојде да види до каде се дојдени работите, откако по новиот тендер на Агенцијата за патишта, изградбата ја продолжи компанијата „Гранит“ пред еден и пол месец. - Задоволен сум што на терен можев да видам дека се работи со полна пареа. Агенцијата за патишта и изведувачот „Гранит“ дадоа цврсто ветување дека и во следните неколку недели ќе се продолжи со интензивното темпо на изградба и конечно на почетокот на идната година ќе се заврши патот од Струмица до Радовиш. Калдрмата ќе биде минато, а овој убав пат ќе биде иднината за граѓаните од овој регион да се возат побезбедно и да имаат полесен пристап до Штип и Скопје, рече Ставрески. Директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски информираше дека последната делница од овој пат е долга десет километри, а коловозот е широк 7,70 метри и банкини од двете страни на патот по 1,5 метри. Средствата за изградба се обезбедени од буџетот на РМ во висина од 445 милиони денари. Од завршувањето на изградбата на делницата Струмица - Радовиш најмногу очекуваат земјоделските производители и трговци, бидејќи секоја година најголем дел од над 250-те милиони килограми рано-градинарско производство се транспортира во земјава и во странство токму преку овој патен правец.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец