Дачиќ: Кога се делат пари не сме дел од ЕУ, а кога се делат бегалци, тогаш сме …
Објавено во: Балкан 06 Септември, 2015 20:15
Владата не ја разгледала можноста Србија да стане прифатен центар за бегалците, изјавил денес првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и додал дека Србија не може сама да се избори со бегалската криза, туку очекува од Европската унија да донесат заедничка платформа за решавање на тој проблем.
„Не велам дека не сакаме коректен однос кон бегалците и мигрантите, но тоа се мигранти и бегалци и за донесување на такви одлуки мора да ги имате предвид многу фактори, па и геостратешки и геополитичките. Затоа во овој момент ние не сме разговарале“, рекол Дачиќ на конференцијата за новинари.
Тој додал дека Брисел применува двоструки стандарди кон Србија, бидејќи од неа бараат да направи Акционен план за решавање на бегалската криза кој ни самата Европска унија го нема.
„Кога се делат пари, тогаш не сме дел од ЕУ, а кога се делат бегалци, тогаш сме“, порачал Дачиќ.
На прашањето што ќе направи Србија ако Унгарија ги затвори границите, како што најави, шефот на српската дипломатија рекол дека Србија се наоѓа вклештена помеѓу групите на земјите од ЕУ и Македонија која најави дека же подигне ограда, но дека нема да посегнува за антимиграционата политика.
„Предлогот бегалците да се донесат во Србија за нас е неприфатлив, а ние ја повикуваме ЕУ да направи заедничка политика“, рекол Дачиќ.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




