Дачиќ и Тачи повторно во Брисел
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2013 11:19
Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, денеска околу 16 часот, во кабинетот на шефицата на европската дипломатија во Брисел, Кетрин Ештон, ќе се сретне со косовскиот премиер, Хашим Тачи, за да разговараат за примената на спогодбата што ја парафираа минатиот месец.
-Очекуваме дијалог за конкретните чекори што треба да се преземат за договорот што побрзо да се примени, за Танјуг кажа Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
-Примената на спогодбата е од клучна важност за продолжување на процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, истакна Коцијанчич и потсети дека тоа е важно и заради условот што Европскиот савет и го постави на Србија за годинава да почнат преговорите за придружување кон ЕУ.
Премиерот Дачиќ изјави дека од Белград се очекува до крајот на неделава да направи план за примена на бриселската спогодба, во која ќе бидат наведени рокови и постапки што ќе се завршат во одреден период.
-Зборуваме за начелни рокови. Планот е потребен за некој да може да заклучи дека нешто сериозно работиме. Без план за имплемантација, а тоа покрај другото се однесува на полицијата, правосудството и одредени рокови, не можеме да очекуваме германска согласност за добивање датум за почеток на преговорите, рече Дачиќ за РТС пред денешниот состанок.
-Интерес на Србија е да се имплементира тоа што се договоривме и да добиеме датум за почеток на преговори, заклучи Дачиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





