26 Ноември, 2024
0.0290

Дали Бајден ја врати надежта во демократијата или Трамп го цементрира борбениот популизам?

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Славење низ улиците на Вашингтон и големите американски градови. Неброени пораки за поддршка од целиот свет, вклучувајќи и македонски политичари и активисти за изборот на Џо Бајден за 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави.

Демократијата функционира, порача Бајден во една од клучните поенти од неговиот победнички говор. И гледано според рекордниот број на гласови кои ги освои, над 74 милиони, и тоа за време на пандемија и сериозни сомнежи за демократските процеси во државата, Бајден покажа дека демократијата може повторно да функционира.

Од друга страна пак борбениот популизам, одлучноста да се победува по секоја цена и на секој начин, не му дозволува на Трамп да го признае поразот. Токсичната доктрина  која некогаш е успешна, овој пат е недоволна за ново изборно изненадување. Трамп и неговиот тесен круг на политички консултанти со недели ја развиваа стратегијата дека гласовите по пошта ќе бидат нелегални и дека противниците сакаат да спроведат изборна измама односно да ја украдат волјата на американскиот народ.

Но, бројот на гласови во клучните сојузни држави како Илиноис, Невада, Мичиген, Висконсин, Минесота и Пенсилванија, едноставно јасно покажа дека Бајден направил пресврт во однос на расположението од пред четири години.

Цела недела буквално целиот свет беше фиксиран на мапата со црвено и сино, чекајќи некоја од сојузните држави да светне во некоја од овие бои. Анкетарите и политичките аналитичари повторно направија голема утка како и во 2016 година. Бајден победи, но не така убедливо како што очекуваа со разлика од десетина проценти. Вечерта кога Трамп победи во Флорида, го освои Охајо, Индијана и имаше водство во Џорџија и дел од сојузните држави во Средниот Запад беше јасно дека анкетарите повторно направија голема утка.

Трампизмот е се уште жив. Кокетирањето со крајната десница, белата вооружена милиција составена од добро опремени граѓани и поранешни припадници на безбедносните сили, како и на теоретичарите на заговори и антивладини активисти, можеби не му донесе победа, но покажа дека и добро осмислена и тактизирана политика наменета кон овие групи може да резултира и со успех, па дури и на следни избори од кандидат кој нема да биде Трамп, а ќе делува како волк во овчо руно.

Трамп победи во речиси сите рурални средини, доби повеќе гласови вкупно од 2016 година, а за разлика од тврдењата на либералните медиуми ги доби и гласовите на дел од малцинствата, особено на латино гласачите во Флорида, а ја зголеми и поддршката меѓу ЛГБТИ популацијата.

За Трамп гласаа сите на кои економијата им беше првото место. Трамп си поддршката за повеќе индустриски комплекси се надеваше дека повторно ќе победи во Средниот Запад. Иронично, но токму синдикатите и работничките унии овој па му се спротиставија поради поставувањето на конзервативни судии кои ги бранат исклучиво интересите на големите корпорации наместо на работниците. Од една страна Трамп овозможи рекордно отворање на нови работни места и тоа во фосилните индустрии кои и многу загадуваат, и кои не би постоеле до таа мера без политичката волја на претседателот, а од друга страна пак истите поради недоволната судска заштита му го свртеа грбот на некогашниот херој.

За Бајден пак, гласаа тие кои имаа повеќе приоритети како што е справување со здравствената криза со корона вирусот, но и социјална правда и поголема еднаквост. Речиси во сите поголеми и значајни урбани средини како и во предградијата убедливо победи Бајден.

И додека сите мислат дека е време да се говори за иднината и натаму Трамп не го признава поразот. Се уште го држи активен планот да ги оспори гласовите добиени по пошта преку Врховниот суд каде успеа да назначи дури двајца врховни судии со доживотен мандат. Сепак, тоа што заостанува во повеќе сојузни држави прави да биде невозможно пребројувањето да биде рецепт за победа како на пример во 2000 година кога во Флорида беше оспорено пребројувањето на гласовите, доволно за Буш да го победи Ал Гор со неверојатно ниска разлика во гласови.

Мирната транзиција на власта, напуштањето на борбениот популизам и продавањето рака на политичкиот противник во овие услови не е само битно з овие извори во САД туку и пошироко за било која земја од западниот свет. Борбениот популизам нема никаква суштинска идеологија, ниту основен систем на вредности и политики. Неговото ширење и во Европа со поразот на Трамп би требало да биде успорено. Целото ова движење кое дури ја засени и некогаш славната Републиканска партија покажа дека статус квото и неговото децениско опстојување на промени и амнестии по власта на левицата и десницата создава гнев и протест кај гласачите.

Искористувањето на овие сентименти и огорчености, особено во поларизирани општества во САД и се повеќе и во Европа, е најголемата закана за практикувањето на демократијата. Но, да не се лажеме со Бајден не започна револуцијата. Со Бајден само е вратена стабилноста на разнишаниот американски естаблишмент, на децениското статус кво кое впрочем и беше причината за подемот на Трамп и движењето околу него.

Бајден ја имаше среќата околу него да се обединат Берни Сандерс и Александрија Окасио Кортез, двете прогресивни сили во левицата кои истакнаа дека да функционирале во друг политички систем не би биле ни во иста партија како и Бајден.

Левицата сега предводена од Бајден ќе треба да покаже барем заложби и политичка волја за враќање на социјалната правда, еднаквоста и борба за поголеми економски прва. Со оглед на понатамошната контрола на Сенатот од Републиканците сосема извесно е дека агендата на Бајден ќе биде многу ограничена, но од него прогресивните левичари очекуваат ако ништо друго борбеност и создавање пат за реализација на новите зелени и социјални агенди.

Зад Бајден застанаа и речиси две третини од малцинствата во САД, по една тешка година на илјадници протести предводени од Black Lives Matter, и силно спротиставени од белите милитаристи што доведе и до големи судир и човечки жртви. Реформите на полицијата и спречување на системскиот расизам како и воскреснувањето на сегрегацијата на Југот ќе бидат клучни внатрешни прашања за новиот американски претседател, токму затоа што врз база на овие очекувања ја доби и довербата.

Бајден ќе мора во овие четири години да се посвети и на враќање на САД во системот на западното сојузништво. Мора да му покаже на НАТО дела САД нема да се повлече од колективиот воено-политички сојуз. Исто така со водство на Бајден се очекува САд да се врати со поддршка на Светската здравствена организација, да се обврзе повторно дека ќе го почитува Климатскиот договор од Париз и Нуклеарниот договор со Иран.

Општествата во САД и Европа повеќе не се исти и тоа е пораката која левицата мора да ја разбере иако сега е славеничко опиена од бајденовиот триумф.

Без одговор на клучните прашања за општествен минимум консензус, за надминување на фокусот на родовите и сексуалните идентитети до бескрајна раслоеност и нивна поединечна афирмација до недоглед, време е левицата да се праша како ќе одговори на гневот на работничката и се повеќе на средната класа која економски и социјално заостанува, но и како ќе одговори на спротивставувањето на глобализмот и новата алтернатива која е се посилна преку социјалните мрежи.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав