29 Септември, 2024
0.0303

Дали би ни било подобро СФРЈ да не се распаднеше?

Објавено во: Анализа 29 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Сеќавањето на 29 ноември, некогашниот Ден на Реупбликата не може да помине без тоа прашање. И децении после распадот на СФРЈ, остана симбо на некое подобро време.

Денешните деца не можат ниту да замислат дека еден државен празник се одбележувал речиси во секоја куќа „од Вардар до Триглав“ и дека тој ден за многумина било како слава. Се станувало рано, се подготвувала празнична трпеза, се облекувале свечени одела...

Историски, 29 ноември ја одбележувал годишницата од Второто заседание на АВНОЈ, каде во Јајце 1943 година е донесена одлука формирање на федерална држава.

После завршувањето на војната, во 1945 година, 29 ноември се славел како Ден на Републиката и бил еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ - се прославувале два неработни денови со свечени академии во главните градови на поранешните републики, делење на ордени, почесни поздрави со пиштоли ... Празникот не го преживеал распадот на СФРЈ ни во една република од некогашната заедничка држава освен во Србија, каде е укинат во 2002 година.

А додека се прославувало, празникот го следела еуфорична атмосфера. Празничната атмосфера сјаела на сите страни. Се скандирало ви име на претседателот Јосип Броз Тито, а тој сите ги поздравувал во својот препознатлив манир, мафтање со рака.

Со денови во очи на празникот се ковеле планови, а прашањето „Што ќе правиш за 29 (ноември)?“ имало големо значење како она за Нова година. Додуша, прашањето воглавно се однесувало на тоа што јадеш - прасе, јагне, или нешто трето.

Имено, паралелно до Денот на Републиката, во повеќето краеви на регионот се извршувало и колење на свињи. Така прасињата, јагнињата и свињите на тој ден се жртвувани во слава на братството и единството.

И децата се радувале за празникот. Поготово децата првачиња кои на тој ден станувале пионери. Во училиштата се правени приредби, се полагала заклетва, се читале состави за Тито.

Секој пионир добивал плава капа (титовка), црвена марама (постарите генерации ја врзувале, а помладите добивале посебен прстен за таа намена) и црвена пионирска книшка. На повеќето некогашни пионири и денеска во глава им се барем почетните стихови на „Свечено пионерско ветување“

Во државите на поранешна СФРЈ сега се некои нови датуми прогласени за деновите на независност, но ниту еден од нив ниту во една од поранешните републики не владее такво восихитување.

Можеби и поради тоа што еден датум толку долго е славен во една држава која се распаднала, а поради што се распаднале и многу семејства, многу соништа и многу животи...

И покатј се, од историска дистанца, во мислите на многумина „прелетува“ прашањето каде би биле сега да останевме во заедничка држава? Дали можеби тогаш европските земји сега би барале да ги примиме во членството? Дали нашиот стандард би бил „шведски“? Кои трофеи во спортот уште заедно би ги освоиле? Колку добри филмови би биле снимени и кој би бил најголема музичка звезда?