Дали Биткоин меурот конечно ќе пукне?
Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2018 07:14
Вредноста на Биткоинот е во слободен пад и криптовалутата се враќа на најниските граници, па од 10 илјади падна на девет, а сега е со вредност под осум илјади што е за прв пат по ноември минатата година кога се чинеше дека неговиот раст ќе нема крај, па затоа и економстите прогнозираат дека постои опасност наскоро да пукне биткоин меурот.
Се поизвесно е дека инвеститорите ќе ја губат довербата во оваа фамозна криптовалута и ќе се обидат да ги продадат дигиталните средства со цел да добијат каква таква вредност, односно или кеш или некој производ купен преку онлајн трансакции.
Проблемот за битконот е што се повеќе влади низ светот преку министерствата за финансии и централните банки најавуваат се построги регулативи за криптовалутите, а многумина од нив забрануваат биткоинот да се користи во реалниот платежен промот со што практично сопствениците на овие средства не знаат што точно да направат.
Исто така последниве неколку недели се катастрофални за биткоинот со повеќе лоши вест како фамозниот грабеж на јапонската крипто берза кога беа проневерени средства со вредност од половина милијарда долари со што се урна митот дека криптовалутите се најбезбедното средство на планетата, потоа бројни измами со почетни крипто понуди, како и најавата на Facebook дека ќе забрани било какви реклами на својата мрежа за криптовалути.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





