17 Декември, 2025
0.0401

Дали Бугарија направи антируски избор?

Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2014 19:28

Добивај вести на Viber

Бугарските граѓани вчера гласаа за европски правец во движењето на нивната земја. Според експертите, мнозинството што го освои партијата ГЕРБ на Бојко Борисов значи дефинитивно одделување на Бугарија од блиските врски кон Русија. Борисов, кој победи на предвремените парламентарни избори и најверојатно ќе ја формира новата Влада, важи за политичар кој одржува релации блиски до Берлин, но не и до Москва. Политичките сили, кои можат да се наречат „лојални кон Русија“, а тоа се бугарските социјалисти, претрпеа сериозен пораз на изборите, пишува руска „Газета“. За време на претходниот мандат како премиер, Борисов на тогашниот руски премиер Владимир Путин му подари куче со бугарско потекло, но надвор од тоа, односите меѓу двете земји на економски и политички план не задоволуваа сосема, додаваат бугарските медиуми. Новата победа на Борисов ја доведува во прашање и реализацијата на проектот „Јужен поток“ на кој ЕУ се спротивставува, а за кој Москва силно се залага. Медиумите во Русија потсетуваат дека токму во времето на Борисов беше прекината изградбата на нуклеарната централа „Белене“, која во Бугарија требаше да ја градат руски компании, и која беше започната уште во времето на СССР. Ваквата одлука беше донесена под притисок на САД, заради што Борисов се смета за особено неповолен за руските енергетски проекти на бугарска територија. Уште повеќе, позицијата на Борисов е дополнително засилена, затоа што бугарскиот претседател Росен Плевнелиев исто така припаѓа на неговата политичка опција ГЕРБ.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни