Дали цените на храната во светот ќе растат?
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2023
Луѓето на глобално ниво ќе консумираат поскапа храна.
Цените на намирниците и натаму ќе растат. Најголемата групација за производство на храна на планетата, Нестле, тврди дека цената на основните прехранбени производи годинава дополнително ќе се зголеми. Швајцарската компанија минатата година ги покачи цените во просек за 8,2 отсто, но смета дека тоа не е доволно. Енергетската криза поради руската инвазија на Украина може да доведе 141 милион луѓе ширум светот во екстремна сиромаштија, се наведува во извештајот што го објави списанието Nature Energy.
Лани во март, откако Русија ја нападна Украина, цените на храната достигнаа рекорди.
foto freepik.com/kwangmoop
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.