Дали директорката што била во Италија и продолжила да работи треба и кривично да одговара

Објавено во: Македонија 09 Март, 2020 14:55
Дали директорката на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Биљановска, треба да одговара и кривично, е прашањето што се поставува во јавноста, откако за неа е потврдено дека има коронавирус и со тоа е четвртиот случај заразен во земјава.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својата последна прес конференција изјави дека е разочаран, и дека таа се однесувала неодоговорно, бидејќи била во ризично подррачје, во Италија и не ги следела протоколите. По враќање од Италија не била дома во изолација, туку одела на работа пет дена.
Што стои во Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето. Во овој закон, во член 205 кој се однесува на пренесување заразна болест, го пишува следново.
„Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, се наведува во Кривичниот законик.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРКАТА Е ВО ПРАВО, ПОЛАРНАТА ЗИМА Е ДИРЕКТЕН ВИНОВНИК“: Жерновски за Димитриеска Кочоска, ладното време и капиталните инвестиции

„СЀ Е КАКО ДОСЕГА: НУЛА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СИНИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА, НУЛА КАЈ ЦРВЕНИТЕ ЗА КОЧАНИ“: Салиу за министерот Тошковски

ОД 2012 ПА СЕ ДО ПОЖАРОТ, „ПУЛС“ НЕМА НИТУ ЕДНА ЛИЦЕНЦА ДОБИЕНА СО ВАЛИДНА ДОКУМЕНТАЦИЈА: Коцевски соопшти поразувачки информации

КОЦЕВСКИ: Стигна одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

ТАРАВАРИ: Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени уште седум полицајци за пожарот во Кочани

СРЦЕ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И РОЗИ: Затворот во Шутка им оддаде почит на загинатите во Кочани

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА И ОАE ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ: За какви соработки станува збор?

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа дека уште седум лица ќе бидат приведени
