Дали дрвјата можат да го прочистат воздухот?
Објавено во: Свет 23 Декември, 2018
Светската здравствена организација наведува дека загадениот воздух е поврзан со 3 милиони смртни случаи во светот, и со тоа претставува многу голем ризик за здравјето и животната средина, пишува nationalgeographic.
Дејв Новак од Шумската служба во САД со години го проучувал влијанието на дрвјата, и дошол до заклучоци.
Во градските средини имало подобрување за повеќе од 1% кај загадениот воздух.
Секако овој процент зависи од загадувачите, а максимумот може да биде 15%.
Но, намалувањето на загадувањето има бенефити за здравјето на луѓето.
Новак открил дека дрвјата во САД отстраниле 17,4 милиони тони загаден воздух, или за 850 смртни случаи годишно помалку.
Четинари и брестови се добри за оваа намена, но и дабово дрво.
Но, многу е важно каде ги садиме дрвјата. Покрај патиштата најдобро е да има дрвја од страна, и така се стопира загадувањето да не оди подалеку.
фото nationalgeographic