19 Декември, 2025
0.0379

Дали Дубаи ќе го „украде“ шоуто на Катар? Јахти, авиони, уникатен хотел...

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2022 15:22

Добивај вести на Viber

На само час возење од Катар, Дубаи е позната дестинација за светските патници. 

Катар не е единствената земја која доживеа процут на туризмот поради Светското првенство во фудбал во 2022 година, на кое е домаќин. И соседните Обединети Арапски Емирати ќе имаат користи од овој бран на туристи со својата блескава комерцијална престолнина Дубаи. Како што се проценува, до крајот на ова првенство, до 18 декември, Дубаи ќе го посетат дополнителни милион посетители. Пол Грифит, извршен директор на аеродромот во Дубаи во август го нарече Дубаи „главна порта“ на Светското првенство и предвиде дека дури ќе има повеќе гости од Катар. Дубаи е поизграден и полиберален од Катар и поседува екстравагантни атракции кои уживаат репутација. Познат е по врвните и необични атракции кои ги пружа, како што се комплекс од скијачки патеки во пустина, најдлабок вештачки базен на светот, највисоки згради на светот и најголем панорамски велосипед.  Со еден збор Дубаи е „мамец“ за богаташи. Сега изобилува и со дополнителни искуства, затоа што Катар земја со 3 милиони луѓе не може да прими толку многу туристи. Дел од нив ќе преноќат во Дубаи наместо во Катар. 

Летови на денот на натпреварите организираат "Qatar Airlines" i "FlyDubai", нискобуџетен превозник со седиште во Дубаи. Патниците можат во ист ден да резервираат повратен билет од Катар и Оман и да се вратат за помалку од 24 часа. Туристичката инфраструктура и лесните услови за влез го прваат Дубаи атрактивен. Се очекуваше дека до ноември Катар ќе обезбеди 14.000 соби, додека Дубаи има 140.000 хотелски соби. Дури има и хотел со фудбалска тематика. Приходите на Дубаи нема да дојдат само од престој во хотели и ресторани. Гостите можат да изнајмат и јахти кои чинат дестици илјади долари по ноќ. Xclusive Yachts нуди раскошна ноќ на море за 20.000 долари од ноќ. За ноември и декември очекуваат дека за 300 отсто ќе има пораст на бројот на резервации за јахтата. Се зголемува и бројот на летови и интересот за приватни авиони. Приватните чартер компании во ова гледаат бум. Од Дубаи до Доха летот е час време. Цената е 65.340 долари за 10 патници. Иако цената е висока, интересот за прватни летови е поголем од ова време лани. 

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците