Дали ДУИ омекна за Сеалбанската платформа - СЈО и двојазичност се приоритет
Објавено во: Анализа 21 Јануари, 2017 19:00
Од последните настапи на повеќе функционери на ДУИ постојано се споменуваат две клучни барања за формирање на новата влада, а тоа се официјализирање на албанскиот јазик во службена употреба во сите државни институции на централно ниво што сега речиси сите го нарекуваат двојазичност, како и продолжување на мандатот на СЈО за целосно расчистување на мега скандалот со незаконското прислушување.
Токму затоа се доведува прашањето на имплементирање или барем наметнување на сите преостанати барања од Сеалбанската платформа зад која покрај ДУИ застанаа БЕСА и Алијансата на Албанците. Секако, СЈО и двојазичноста се моментално и најголемиот камен на сопнување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Да постетиме дека неодамна Груевски посочи дека е за формирање на Влада, но не по секоја цена, особено не за прифаќање на барањата за СЈО, институција која деновиве постојано е напаѓана дека е непрофесионална, особено по откажувањето од предметот Пуч.
СДСМ постојано изјавува дека оваа власт е во заминување, а дека Груевски нема да може да формира влада и ќе мора да го врати мандатот. Таквите најави беа жестоко бранети од провладините сурогати кои упорно тврдат дека има само еден мандатар и тоа е Груевски и никој друг, па дури има и неофицијални закани дека претседателот Иванов во едно такво сценарио би си поднел оставка, што секако е тешко за верување, но е во рамките на возможното, особено кога е во прашање ВМРО-ДПМНЕ.
Рокот за составување на влада истекува на 29-ти јануари и речиси ништо не е договорено. Од ВМРО-ДПМНЕ ја продолжуваат својата реторика на убеденост дека тие ќе ја предводат новата влада, но истиот фидбек засега го нема од ДУИ кој со своите 10 пратеника ќе биде клучен во сите можни сценарија и комбинаторики.
Можеби во овој период ДУИ и не сака да „мафта“ со сите барања од Сеалбанската платформа за да не ги „сруши сите мостови“ но, ниту пак направи конкретен чекор за да се сретне со ВМРО-ДПМНЕ на половина пат.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





