25 Ноември, 2024
0.8720

Дали е државна тајна производната цена на струјата од РЕК Битола?

Објавено во: Економија 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Која е производната цена на еден мегаватчас струја во РЕК Битола е прашање за милион долари! „Фактор“ цели две недели трпеливо чекаше одговори на едноставни прашања кои се однесуваат за производната цена на струјата за годинава и за лани. Чекаме безуспешно. Дали производната цена на РЕК Битола е повисока од цената на берза? Не знаеме. Дали производната цена навистина е државна тајна? Не и не смее да биде. Исто како што ЕСМ не смее, но ги крие податоците за тоа кога купува, колкави количини и по кои цени плаќа за секој купен мегаватчас годинава... Додека јавноста ја занимаваат со лизингот на функционерските коли бизнисот со струја на ЕСМ (купување и продажба н.з) чини милиони евра неделно!

Втора недела нема одговор од ЕСМ , државната компанија за производство на електрична енергија, за тоа колкава е производната цена за еден мегавачас струја што ја произведува најголемиот рударско-енергетски комбинат во земјава лоциран во пелагониската општина Новаци.

Раководството на ЕСМ во ниту еден момент не се почувствува повикано да одговори и да го демантира Дејан Трајковски, професор на битолскиот технички факултет кој јавно тврди дека производнаа цена на мегаватчас во битолскиот комбинат е над 140 евра и дека РЕК Битола произведува загуба.

Според неговата теза објавена на неговиот профил на социјалните мрежи главна причина за високата производствена цена е увозот на нискоквалитетен грчки јаглен во комбинација со експлоатацијата на домашните рудни наоѓалишта кои ги користи РЕК Битола.

За жал не можеме да дадеме контекст на значењето на РЕК Битола за македонското производство на струја затоа што електропреносниот систем-оператор МЕПСО е целосно хакиран и неговиот сајт е недостапен за увид. На тој сајт во диспечерските месечни извештаи ги има податоците за производство на електрична енергија во македонскиот систем.

Во овој момент единствен релевантен извор на податоци е сајтот на Регулаторната комија за енергетика, но таму се објавуваат само годишни извештаи.

Во недостиг на официјални податоци за производната цена на струјата од најголемиот производител на струја се наметнува дилемата дали РЕК Битола произведува струја по цена која е повисока од таа по која струјата се тргува на некоја од берзите во нашиот регион. А ЕСМ не наоѓа за сходно да демантира и да аргументира дека тоа не е така.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување