28 Ноември, 2024
0.0292

Дали е можно дел од Македонците да се откажат од бугарските пасоши?

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Посредниците за добивање на бугарски пасоши, велат дека мала е веројатноста дел од Македонците да се откажат од бугарските пасоши, откако Бугарија ја блокираше Македонија за почеток на преговори со Европската Унија.

Објаснуваат дека граѓаните ги земаат овие пасоши со цел да си обезбедат егзистенција, а при тоа за истите чекаат со години и плаќаат одредена сума на пари. Посредниците велат дека бугарски пасоши земаат граѓани од различни градови од земјата, и од различни професии.

„Многу тешко дека нашите граѓани ќе се откажат од тие пасоши. Ги имаат луѓе од различни професии, лекари, медицински сестри, вработени во полицијата, армијата. За 8 години јас имам извадено 250 до 300 пасоши, а во земјава има околу 20 посредници. Дел од посредниците сигурно извадиле и поголем број пасоши од мене. Кога ќе се подобри состојбата во државата, кога ќе имаме просперитет, тогаш оваа појава ќе се стопира“, вели посредник од Источна Македонија.

Друг посредник од Западна Македонија објаснува дека 99 отсто од луѓето земаат бугарски пасоши, за да работат во странство, а не затоа што се чувствуваат како Бугари или пак имаат симпатии кон источниот сосед. Објаснува дека меѓу оние кои имаат бугарски пасош има и луѓе кои се ситуирани, но го земале бугарскиот пасош како резервна опција. И тој верува дека граѓаните тешко ќе се откажат од бугарските пасоши.

„За добивање на бугарски пасош се чека 3 до 4 години, и чини околу 1.000 евра сосе патните трошоци. Сепак постапката е малку потешка за вадење, а и за откажување е сложено. Од оние кои вадат бугарски пасоши, 99 отсто се поради егзистенција, а дали 1 отсто се чувствуваат како Бугари“, додава овој посредник.

Васко Јолески од Струга во петокот јавно се откажа од бугарскиот пасош, револтиран од бугарските условувања кон Македонија.  Тој ги повика и другите граѓани, на кои пасошот не им е неопходен, да го следат неговиот пример.

„Јас апелирав секој што е во можност да ја следи мојата постапка. Пасошот го извадив поради егзистенцијални причини, во моментов сум и пациент кој чека трансплантација. Сега  пасошот би ми го олеснил патот до трансплантација, но тоа не е нешто за кое треба да се дозволи да се поништува државата, а и нашето достоинство“, рече Јолески.

Јолески се откажа од бугарското државјанство и по пошта ги врати пасошот во Бугарија преку едно од нивните претставништва во Македонија.

Изминативе години се калкулираше со бројки, при што се споменуваше дека над 70.000 или над 100.000 македонски државјани имаат и бугарски пасоши.

Само 813 Македонци како граѓани надвор од Европската Унија добиле бугарско државјанство во 2019, според податоците кои ги објави ЕВРОСТАТ.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, ОЈО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ: Си изградил хотел без никакви документи без одобрение од Управата за заштита на културно наследство

ХАОС ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, ОЈО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ: Си изградил хотел без никакви документи без одобрение од Управата за заштита на културно наследство

АПАСИЕВ И МИТРОВСКИ ДОБИЈА ЈАВНА ПОКАНА ЗА ТВ ДУЕЛ: Јанаки веќе ја прифати, се чека на лидерот на Левица

АПАСИЕВ И МИТРОВСКИ ДОБИЈА ЈАВНА ПОКАНА ЗА ТВ ДУЕЛ: Јанаки веќе ја прифати, се чека на лидерот на Левица

„БИДИ ХРАБАР ТРАЈКО“: градоначалничката Асровска до претседателот на Собранието, продолжуваат препукувањата

„БИДИ ХРАБАР ТРАЈКО“: градоначалничката Асровска до претседателот на Собранието, продолжуваат препукувањата

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Скопските улици и денес без приватните превозници

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Скопските улици и денес без приватните превозници

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска