19 Декември, 2025
0.0382

Дали е ова најдобро платен градежник во Македонија? Лани остварил 159.000 бруто приход!

Објавено во: Економија 20 Март, 2023 09:42

Добивај вести на Viber

Градежништвото во Македонија е конјуктурен бизнис особено неговиот сегмент – изградба на згради за колективно домување. Токму заради тоа во јавноста постои уверување дека градежниците добро заработуваат. За жал, кај нас нема регистар за успешност и уште владее „традицијата“ платите и заработките да се кријат како што змијата ги крие нозете. Иако во развиениот свет токму тие се параметар за успешност и општествени статус и несе кријат. Сепак има и похрабри кои приходите не ги кријат. Еден од ретките кои транспаретно ги објавија своите лански приходи е Фатмир Етеми. Неговиот вкупен бруто приход лани изнесува речиси 160.000 евра

Фатмир Етеми е успешен стопанственик, во јавноста познат како сопственик на градежната компанија „ЗСФ КОМ“ која е специјализирана за градба на згради за колективно домување.

Овој успешен бизнисмен има и други инвестиции, а членува и во два надзорни одбори. Официјалните податоци достапни во годишниот ивештај на „Комерцијална банка“ покажуваат дека овој член на нивниот Надзорен одбор лани приходувал 159.350 евра во бруто износ од свои материјални надоместоци и права од договори за работа (како што е наведено во описот даден во извештајот на банката).

Тоа значи дека неговиот нето приход лани надминува 100.000 евра. Дали е тоа најдобро платениот градежник во земјава? Не можеме да потврдиме ниту да одречеме, затоа што другите ги кријат своите приходи. За жал во Македонија уште владее искривената култура според која успешните луѓе не зборуваат за тоа колку заработуваат иако тоа го прават посветено и чесно, а при тоа обезбедуваат егзистенција и за бројни семејства на вработените во компаниите кои ги водат и поседуваат.

Најголем дел од приходите на Етеми се од неговата плата која ја прима како управител на „ЗСФ КОМ“. Со мал дел (не надминува 15% од приходите) учествуваат неговите месечни надоместоци од членство во барем два надзорни одбори и тоа : „Скопски пазар“ и „Комерцијална банка“.

Етеми станува член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ во септември 2018 година. Тогаш неговата компанија и прв пат купува акции во „Комерцијална банка“. Сега Етеми го тера својот втор мандат кој трае четири години. Етеми преку „ЗСФ КОМ“ контролира над 3 отсто од акциите со право на глас во „Комерцијална банка“. Од своето членство во Надзорниот одбор прима месечен надомест во вредност на една просечна нето плата на вработен во таа банка.

Најпознат во јавноста е по својата градежна компанија ЗСФ КОМ, каде е основач и управител. Според официјалните податоци за 2021 година оваа градежна компанија остварила приходи во вредност од 19 милиони евра, а нејзината добивка на крајот на таа година била 5,4 милиони евра.

Преку својата градежна компанија Етеми е акционер и во „Скопски пазар“ најголем оператор со отворени зелени пазари во главниот град на Македонија. Во таа компанија фирмата на Етеми поседува 38,7 отсто од акциите со право на глас. Етеми е член на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии