28 Септември, 2024
0.0284

Дали „гушкањето“ на ГТЦ може нешто да промени?

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска во 10 часот пред ГТЦ,  почнува собирањето на потписи за петицијата под мотото “Го сакам ГТЦ”, со која ќе се бара стопирање на рефасадирањето на објектот. Во попладневните часови се предвидени мирни протести. Асоцијацијата на архитектите и голем број граѓани, вечерва со жив обрач држејќи се за раце симболично ќе го гушнат  ГТЦ.  На мирните протести, ќе има говори на архитектите во контекст на значењето и зачувувањето на оргиналниот изглед на ГТЦ. Идејата е да ја покажат вредноста на овој објект за македонската архитектура и за крајно за скопјани. Од Асоцијацијата ги повикуваат сите граѓани кои се против обезличувањето на ГТЦ, да се потпишат на петицијата и да се придружат на живиот штит со креативни и остварливи предлози. -Се очекува над 500 граѓани да „го гушнат“ објектот кој е „антологиски претставник на македонската архитектура од втората половина на 20-от век, изјави Даница Павловска, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектите се одлучија на овој чекор откако на последниот конкурс за избор на идејното решение за фасадно обликување и надградба на ГТЦ, победи проект со барокни елементи. Стручната јавност и претходно апелираше, да не се менува ликот на објекетите како ГТЦ . Револтирани од ваквата одлука од ААМ најавија дека ќе побараат од Министерството за транспорт и врски и Комората на архитекти на Македонија и одземање на лиценцата на авторите на идејното решение, Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. -ГТЦ има значење на ниво на целата држава како еден од најубавите претставници на модерната архитектура, кој сеуште е најдобриот и најсовремен трговски центар во градот (и покрај вчера направените). Овој објект како и ниеден друг не смее и не заслужува еклектична фасада, во наш жаргон наречена барок. Барокот не заслужува да биде употребуван како термин за новите објекти во градот. Најголем дел веројатно и не знаат кој е  Ѓовани Лоренцо Бернини, греота е човекот во гроб да се врти од нашиов “барок“. Објектот не мора да се вклопи во сегашното опкружување, новосоздадената архитектура е тешко вклоплива самата по себе, нема потреба од обид квалитените преостанати објекти да се вклопат во наведената, вели Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Од раководството на ГТЦ велат дека тие спроведуваат тоа што е избрано. Неодамна првиот ловек на ГТЦ Аго Абазовски, во интервју за Фактор изјави дека изборот  на идејното решение, во голем дел лежи во опкружувањето -Јас сум директор на компанија која е во државна сопственост,  сум само извршен орган. Јас не сум тој што одлучува кое решение ќе се одбере, иако бев член во комисијата за избор. Точно досега се поништуваа неколку конкурси но основано, бидејќи имаа технички недостатоци. На последниот конкурс имаше две идејни решенија, едното беше со барокни елементи т.е она кое се прифати, а дургото беше класицизам но имаше некои недостатоци. Образложението за изборот  на идејното решение, во голем дел лежи во опкружувањето, изјави Аго Абазовски, директор на ГТЦ. Новиот изглед на овој објект се крчка уште од минатата година. Досега пропаднаа неколку тендери и се оформи и нова комисија. Во понудите имаше  идејни решенија со футуристички елементи како и  барокни. Во последниот и претпоследниот конкурс имаше пристигнато идејни решенија со барокни и класицистички елементи. Конкурсите се поништуваа поради технички недостаци, а во еден случај и поради тоа што имаше пристигнато само една понуда и тоа со футуристички изглед за објектот. Сега победничкото решение предвидува во идниот изглед на ГТЦ да има неокласицистичка фасада во стилот на „Скопје 2014“. Стручната фела во одбрана од барокизацијата Од Центарот за заштита на културното наследство неодамна за “Фактор“ изјавија дека се подготвува Иницијатива преку која ќе се направи обид да се спречат натамошни промени на ликот на објектите, особено во центарот на метрополата.Оваа иницијатива ќе се однесува и за ГТЦ.  Според експертите, додека се менува ликот на веќе постоечките објекти и зданија, без да се утврди нивната културна вредност, новоизградените не ги смета за – идно културно наследство - Сегашниот закон не предвидува заштита на делата од современата уметност. Сметам дека и тие мора да се стават под заштита со јасно прецизирани законски одредби. Во сегашниот закон има многу пропусти, кога се кроеше решнието не беше прифатена ниту една забелешка од стручната јавност. Сега,  законот е со многу празнини што овозможуваат простор за вакви дејства на интервенции и можност сите различно да го толкуваат. Сегашните интервенции на постоечките објекти земаат голем замав. Преку Инцијативата ќе побараме да се утврди точната листа на сите споменици како и листа на современи објекти чија вредност ќе мора да се валоризира за да се заштитат од натамошни промени, објаснува професорката Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за заштита на културното наследство. Сегашниот објект е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година го освоил првото место. ГТЦ е изграден во 1971 година . Автор на сегашното идејно решение за новиот изглед на ГТЦ е Жарко Чаушевски, кој на јавноста и е понат како автор на повеќето зданија од  проектот “Скопје 2014“ . Според неговиот проект, фасадата која ќе гледа кон Собранието, добива десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со бројни скулптури. И другите страни на објектот добиваат соодветни украси, со бронзени или елементи со златно-жолта боја. Засега е незивесно дали сите овие активности од стручната фела, на кои се очекува да се приклучат и голем број граѓани, ќе ја променат одлуката за менување на изгледот на ГТЦ и објектот ќе го задржи автентичниот изглед. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија