01 Септември, 2024
0.0259

Дали и на Градски трговски центар ќе никнат куполи како на Собранието?!

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

На последниот Меѓународен конкурс за промена на фасадата и надградба на Градскиот трговски центар во Скопје, пристигнале две идејни решенија. Засега не се открива во кои стилски правци се изработени проектите, но извори за Фактор велат дека во игра биле сите три правци кои се бараа на конкурсот, футуризам, класицизам и барок. Двете идејни решенија содржат комбинирани елементи од предвидените стилски правци, но ниту еден од двата проекти не е чисто футуристички, а едниот труд предвидува и поставување на куполи, коментираат извори за Фактор. Од ГТЦ сеуште не откриваат кои се авторите, сите детали како што велат ќе бидат познати за десеттина дена, кога Комисијата за избор на најдоброто идејно решение треба да ја изработи рецензијата со одлука за избраниот проект. Единствено велат дека се работи за македонски автори. Инаку досега имаше неколку неуспешни обиди за избор на идејно решение за нова фасада и надгрдаба на ГТЦ. Еден од конкурсите беше поништен поради тоа што пристигна само еден проект кој предвидуваше футуристички изглед на ГТЦ. На последниот конкурс имаше пристигнато четери труда, три беа македонски, а едно странско идејно решение. Тогаш еден од авторите понуди  современа архитектура, двајца стаклена надворешност, а четвртиот, комбинација од барок и класицизам. Но и овој конкурс беше поништен, поради одредени недостатоци во самите проекти. Условите во сите конкурси се исти, поточно идејното решение да понуди оргиналност и примена на современ архитектонски израз за обликување со високи естетски, функционални, конструктивни и технички вредности почитувајќи го значењето на објектот и неговиот идентитет, идеја за надградба, фасадно обликување и затворање на трговскиот центар. И во однос на стилските правци, условите отануваат исти, класицизам, барок и футуризам. Според условите во конкурсот, освен фасадно обликување, идејното решение треба да понуди и проект за надградба на трговскиот со уште еден спрат, на кој би имало деловни простории, хотелско сместување, спа-центри, игротеки. Трговскиот е планирано да биде од затворен тип, по принципот на мол-систем, во комбинација со сарај-систем и да има отворени делови. Јавниот конкурс за идејно решение за промена на фасадата на ГТЦ беше објавен во јуни годинава, кога се изгласаа и измените на Деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од општината Центар. Бидејќи сите измени што ги претпре овој план беа во насока на тоа фасадите на објектите да се вклопуваат во амбиентот, односно да бидат во согласност со проектот “Скопје 2014”, изминатиот период во јавноста кружеа информации дека и овој објект ќе биде со неокласицистичка фасада, на што бурно реагираа архитектите, кои дури беа револтирани што воопшто ќе се менува ликот на ГТЦ. Од друга страна раководството на ГТЦ неколку пати во јавноста излезе со различни ставови, прво дека се преферира трговскиот да биде со стаклена фасада, но последните коментари се дека објектот треба да се вклопи во околниот амбинет, поточно да биде во правец на новите барокни фасади на околните згради како Сити Галери, Стар Метропол и Пелистер. Дали ГТЦ ќе подлегне на барокниот амбиент или ќе му пркоси со футуристичкиот изглед, ќе се знае по одлуката на жири комисијата. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка