09 Октомври, 2024
0.0257

ДАЛИ ИЗРАЕЛ ЌЕ ГО НАПРАВИ МОНСТУОЗНИОТ ПОТЕГ? Емиграција на Палестинците и враќање на еврејските доселеници

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, во вчера повика на враќање на еврејските доселеници во Појасот Газа по војната и рече дека палестинското население треба да се охрабри да емигрира.

- За да имаме безбедност мораме да ја контролираме територијата. За да ја контролираме територијата долго време, потребно ни е цивилно присуство - изјави Смотрич за израелското воено радио на прашањето за можноста за повторно воспоставување населби во Газа.

Израелската влада под лидерство на премиерот Бенјамин Нетанјаху не предложи формално планови за иселување на жителите на Газа или враќање на еврејските доселеници на територијата од почетокот на копнената инвазија. Сепак, таквите идеи можеа да се слушнат од членовите на Владата и другите нивоа на власта.

Израел еднострано ги повлече последните свои војници и доселеници во 2005 година, ставајќи крај на присуството во Газа што започна во 1967 година, но задржувајќи ја речиси целосната контрола на границите на територијата.

Сите населби на окупираната палестинска земја се сметаат за нелегални според меѓународното право, без разлика дали се одобрени од Израел.

Смотрич, шеф на ултра-националистичката партија Религиозен ционизам, која е дел од владејачката коалиција, исто така рече дека Израел треба да ги „охрабри“ околу 2,4 милиони Палестинци на територијата да се преселат во други земји.

- Ако се однесуваме стратешки коректно и поттикнуваме емиграција, ако во Газа има 100.000 или 200.000 Арапи, а не два милиони, целиот дискурс следниот ден по војната ќе биде сосема поинаков. Ќе помогнеме во рехабилитацијата на овие бегалци во други земји на добар и хуман начин со соработка на меѓународната заедница и арапските земји околу нас - рече Смотрич.

И покрај неговото повлекување во 2005 година, Израел воведе копнена, морска и воздушна блокада на Газа и сè уште меѓународно се смета за окупаторска сила на палестинската територија.

ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална