05 Декември, 2025
0.2531

Дали ќе се намалат цените на авиобилетите во Македонија?

Објавено во: Македонија 03 Април, 2014 10:37

Добивај вести на Viber

За денеска закажаното отворање на косовското небо за прелети на цивилни авиони, според надлежните институции на Македонија ќе ù донесе повеќе приходи, но и поевтини авиобилети. Според проценките на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), деблокадата на воздушниот простор над Косово, ќе привлече повеќе авиокомпании со што ќе се зголеми конкуренцијата. Ова се очекува да ги зголеми прелетите и над Македонија за 20%, па дури и за 50% во екот на сезоната и да ù донесе на земјава околу 2 милиони евра дополнителни приходи во Буџетот по овој основ. Дополнително, отворањето на косовското небо ќе ги намали и трошоците на авиокомпаниите, кои досега за да го избегнат косовскиот воздушен простор користеа подолги рути. Контролата на летањето на косовскиот воздушен простор од крајот на 2011 година и е доделена на унгарската воздухопловна навигација (Хунгаро контрол), а македонската навигација М-НАВ ќе помага со обезбедување радарска слика и комуникациските врски ќе им ги даде на користење на унгарските колеги. Воздушниот простор над Косово беше затворен за прелети на цивилни авиони од 1999 година по бомбардирањето на Србија од страна на НАТО. Со тоа беше воведено ограничување за прелетувања на цивилни авиони на висина над 8.700 метри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија