18 Декември, 2025
0.0551

Дали ќе сопре „Јужен тек“?

Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2014 09:55

Добивај вести на Viber

Сопирање на Јужен Тек и кривична пријава за Бугарските авторитети. Европската комисија побара работата на гасоводот Јужен Тек да биде суспендирана се додека бугарската влада не даде јасни одговори на загриженоста на ЕУ поради монополската положба на руската компанија Газпром. „Нашиот став е јасен: Јужен поток не е во согласност со Третиот енергетски пакет и со европските правила за конкуренција, внатрешниот пазар и јавните набавки“, изјави Сабина Бергер, портпаролка на комесарот за енергија Гинтер Етингер во Брисел. Од Комисијата е најавено дека од Бугарија формално е побарана информација за почетокот на изградбата на гасоводот во Црното море, што е прв чекор кон поднесување на пријава на Европскиот суд во Стразбур. Бугарија пак тврди дека со тоа не ги нарушува правилата на ЕУ, бидејќи работите се извршуваат во меѓународни води, но Комисијата завземала спротивен став. Но, Европската комисија (ЕK) почна кривична процедура против Бугарија поради прекршување на правилата за спроведување на постапката за избор на изведувач на бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. ЕK не само што почна кривична постапка против Бугарија поради гасоводот што ќе го гради со руската компанија „Газпром“, туку сака и да се прекине спроведувањето на проектот. Писмото од генералниот директорат за внатрешен пазар и услуги е испратено до бугарските власти, кои имаат еден месец да одговорат. Ако тоа не се случи, ЕK може да покрене постапка пред Европскиот суд, кој може да ~ изрече глоба на Бугарија. „Разбираме дека бугарската влада одлучила приоритетно да ја почне изградбата на „Јужен тек“. Но, ЕK веќе изрази загриженост дали проектот е компатибилен со европското енергетско законодавство. Имаме причина да веруваме дека и други правила на внатрешниот пазар, особено тие за јавни набавки, биле прекршени во овој случај“, изјави Шантал Хјуз, портпаролка на директоратот за внатрешен пазар и услуги на Европската комисија. Почетокот на работите во Бугарија беше најавен за овој месец, но веројатно ќе биде одложен. Министерот за енергетика на Бугарија смета дека земјите низ кои треба да минува Јужен тек не треба да се заложник на кризата меѓу Украина и Русија.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии