17 Декември, 2025
0.0394

ДАЛИ ЌЕ УСПЕЕ: Самарас кова сопствен план за реформи!

Објавено во: Балкан 24 Септември, 2014 08:19

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека неговата земја не сака нова меѓународна спасувачка финансиска програма и посочи дека претстои нов план за економски реформи. Оваа изјава тој ја даде за време на посетата на Берлин по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел. Самарас исто така, посочи дека Грција би требало да може да излезе порано од меѓународната спасувачка програма и да ги покрива своите финансиски потреби од следната година. Ова е прв случај кога Атина јавно изразува надеж да се справи без спасувачки транши догодина. "Сега Грција може да стои исправена на свои нозе и сметаме дека не треба нов спасувачки пакет", рече грчкиот премиер. Премиерот додаде дека неговата земја наскоро ќе претстави "свој рамка за продолжување на реформите во следните години надвор од програмата на спасувачките спогодби". По повод соработката со ММФ, грчкиот премиер рече дека тоа не секогаш било лесно, но "дефинитивно го променило изгледот на грчката економија". "Сметам дека оваа соработка ќе заврши предвреме. Ако тоа се случи, тоа би било успех, а не развод", истакна Самарас. "Верувам дека дефинитивно би можеле да ги покриваме своите финансиски потреби од следната година. Ќе видиме што ќе се случи со следните транши ", рече уште тој. Грција од 2010 година се потпира на два спасувачки пакети во вкупна вредност од 240 милијарди евра. Плаќањата од партнерите од еврозоната треба да завршат оваа година, а овие од Меѓународниот монетарен фонд - во 2016 година. Во меѓувреме Меркел ја пофали Грција за спроведените реформи, истакнувајќи дека "првите плодови на успехот се видливи". "Знам низ каков тежок период поминува Грција и колку луѓе се невработени, но првите плодови на успехот се видливи и ние ќе сториме сé, од германска страна, за да ја поддржиме во овие напори", рече Меркел на заедничката прес-конференција со Самарас. "Многу радосно е дека има позитивни сигнали во Грција", додаде таа. Меркел истакна дека земјата е на пат да се врати кон раст по една многу добра турстичка сезона, според неа најмногу благодарение на Германците. Германија е државата која има најголем придонес во спасувачките кредити за Грција. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни