18 Декември, 2025
0.0664

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ЛИТИУМ? Професорот Трајковски со анализа

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2025 08:30

Добивај вести на Viber

Професорот од Техничкиот факултет-Битола со анализа за тоа дали земјава е подготвена да открива литиум.
Дали Македонија е подготвена за откривање на литиум?

Во сенката на Јадар – едно од најголемите светски лежишта на литиум, кое може да се мери и со кинеските – речиси незабележано помина веста дека при гринфилд истражувања бил откриен литиум на крајниот југ на Србија, во општините Бујановац, Врање, Трговиште и Босилеград, што се граничат со Македонија.

[Bujanovačke – откриен литиум во Клиновац] https://bujanovacke.co.rs/.../u-klinovci-otkriven.../

[Bloomberg – Fortune buried in forgotten Europe] https://www.bloomberg.com/.../there-may-be-a-fortune...

Заспаното село Клиновац, во општина Бујановац, најверојатно лежи на богатство, а се наоѓа на само 8 km од македонската граница. Литиум во поголеми концентрации е потврден и во селата Кленике (6 km), Спанчевац (4,4 km од границата), како и во низа други локации (вкупно 28 на број), сè до градот Трговиште.

Со оглед на тоа што станува збор за релативно широко подрачје, постои голема веројатност истите геолошки формации да навлегуваат и на македонската територијата – особено во атарите на селата Пелинце и Враготурце кај Куманово, како и на планината Козјак. Овие локации се најизгледни кандидати за нови наоѓалишта.

Македонската влада веќе покажа интерес за експлоатација на стратешки минерали важни за зелената транзиција, каде литиумот зазема особено место поради неговата улога во батериите за складирање енергија од сончеви и ветерни централи. Токму затоа, ова е поле за истражување за Републичкиот геолошки завод – најмалку во фазата на гринфилд истражувања, без нужно вклучување на странски компании.

Поседувањето резерви на литиум би можело да биде и благослов и проклетство. Благослов, ако државата инвестира во рударство и производство на батери-грејд литиум, што во светски рамки носи внатрешна стапка на поврат на инвестицијата од 30–40% годишно.

Проклетство, доколку се соочи со незадоволство на локалното население. Иако станува збор за еден од најпасивните и најсиромашните региони во Македонија, отпорот кон рударски проекти не е непознат – пример е Иловица-Штука (сатанизирани како „рудници на смртта“), каде жителите не дозволија дури ни ископување бакарна руда. Којзнае дали би прифатиле ископување и добивање на литиум, иако литиумот е еколошки „почист“, во смисла дека нема тешки метали и киселинска дренажа (ни цијаниди, како при добивањето злато и сребро), остава помалку рударски отпад, но остава сулфатни соли и троши големи количества вода. Ако започнат протести и немири како во Србија, можеби би биле посреќни никогаш да не откриеме резерви на литиум.

Шанса за сиромашните краишта

Ако процесот биде добро осмислен и се преземат сите мерки за безбедно управување со рударскиот отпад – особено со сулфатните соли, нуспроизводи од неутрализацијата на сулфурната киселина од процесот на пржење на литиумскиот концентрат – тогаш постои реална шанса овие пасивни краишта да излезат од вековна сиромаштија. Рударството и поврзаната индустрија би отвориле нови работни места, а државата би добила ресурс со висока пазарна вредност.

Се разбира, сето тоа зависи од суштинското прашање: дали навистина ќе се потврдат резерви на литиумова руда на територијата на Македонија“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?