29 Ноември, 2024
0.0307

Дали Македонија од денеска влегува во големото руско семејство на Газпром?

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во Москва денеска Македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, ќе го потпише договорот за вклучување на Македонија во Јужен тек. Што ќе има во договорот, дали ќе има детали или ќе биде само писмо на намери во кое ќе стои доколку има економска исплатливост кон Македонија и дека ќе може да се пушти крак. Што ќе содржи договорот кој денеска македонскиот премиер Никола Груевски ќе го потпише во Москва. Доброупатени коментираат дека најверојтано ќе се потпише писмо на намери што всушност ќе биде она што неодамна го лиферуваа медиумите, а тоа е официјалното соопштение од руската Влада која подготвила спогодба за соработка во однос на Јужен поток. Бугарија која е дел од мегагасоводниот проект пред конечниот договор потпишала многу спогодби Македонскиот источен сосед, Бугарија пред да стави параф на конечниот договор потпишала многу меморандуми, спогодби,  договори (околу десетина http://www.gazprom.ru/press/news/2013/july/article166348/). Доброупатени во проблематиката тврдат дека конечниот договор во принцип се потпишува со рускиот нафтен гигант „Газпром“ преку кој практично се одвива целиот овој проект. Премиерот Груевски во саботата изјави дека добиле покана од официјална Москва за да денес го потпишат договорот. „Станува збор за исклучително значаен проект за наc, затоа што со него ќе се обезбеди нови количества гас и ќе се обезбеди долготрајна енергетска стабилност на земјава. Проектот за внатрешна инфраструктура на гасоводниот систем е завршен, имаме план и знаеме како ќе го реализираме. Кредиторите кои треба да го помогнат овој проект ветуваа дека ќе излезат во пресрет, ако овој енергенс го има во поголеми количества отколку до сега“, изјави Груевски. Што предвидуваше дел од спогодбата за соработка која неодамна ја објави Руската влада Спогодбата која руската влада ја изработила за пуштање крак кон Македонија од Јужен поток немаше прецизирано точни детали. Немаше информација од каде ќе биде пуштен крак кон земјава дали од Србија или Бугарија. „Откако ќе се потврди исплатливоста на проектот, двете фирми „Газпром“ и „Македонски енергетски ресурси“ ќе формираат заедничка компанија за проектот гасоводен крак,  со идентично учество од двете страни (50%-50%) со можност да се приклучат и други акционери“, се наведува меѓудругото во документот кој беше објавен од страна на владата на Русија. Инаку, маршутата на гасоводот и неговиот капацитет ќе бидат дополнително усогласени. Имено, во точката 4 од документот кој е објавен од руската влада стои дека патот на гасоводот, вклучувајќи ги и нејзината географска точка за влез на територијата на Република Македонија, ќе зависи од резултатите од физибилити анализа. Условите на снабдувањето со природен гас се дефинирани во соодветните договори, стои во точката 4. Инаку, конкретните количини, услови и рокови на испорака на природен гас во Македонија треба да се најдат во договорите меѓу „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“. Доколку денес Македонија потпише ваков документ тоа ќе биде прв чекор Ова не е прв пат да се најавува потпишување на договор со кој Македонија би се приклучила кон Јужен поток. Претходно, иако, најавено сепак на економскиот самит во Санкт Петерсбург (кој се одржа од 20 до 22 јуни 2013 година) Македонија не потпиша договор со Русија за вклучување на Македонија кон гасоводниот проект Јужен поток. На самитот македонската делегација ја предводеа министрите за финансии и економија Зоран Ставрески и Ваљон Сарачини, но сепак информација за тоа што се случува со вклучувањето на земјава во проектот Јужен Поток не даде ниту една институција. Проектот Јужен поток веќе се реализира со задоцнување Роковите за почетокот на изградбата на „Јужен поток” ќе бидат испочитувани, иако проектот за гасоводот се реализира со одредено задоцнување, ова при неодамнешната посета на Бугарија го изјави Алексеј Милер, претседател на Управниот одбор на „Гаспром”, кој во Софија имаше работна средба со премиерот Пламен Орешарски и министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев. „Немаме никакви сомнежи дека во декември 2015 година во Бугарија ќе пристигне првата цевка за гас“, изјави првиот човек  на „Газпром” Алексеј Милер  по средбата. Инаку, почетокот на изградбата на трасата доцни и во Србија, така што речиси тешко е изводливо дека првите количини гас ќе потечат според првично итврдената динамика. Бугарија исправена пред сериозен предизвик Пред „Јужен поток” во Бугарија сепак остануваат најважните проблеми од бугарска и европска перспектива – од една страна, тој не помага за диверзификацијата на понудата, бидејќи иако во нова цевка, Бугарија ќе остане целосно зависна од рускиот гас, а од друга страна „Газпром” сака да има меѓу 80 и 100% од капацитетот на гасоводот. Тоа противречи на третиот либерализационен пакет на ЕУ, кој ги обврзува сите нови инфраструктурни проекти за пренос на енергија да се отворени за пристап и за други компании, анализира бугарски Капитал. Од руската страна се обидоа да најдат излез од ситуацијата, најавувајќи дека изградбата е започната пред законот да влезе во сила (договорот меѓу Бугарија и Русија е од 2006 година). Од Европската комисија, сепак, одговорија дека „Јужен поток” не излегува надвор од рамките на Третиот либерализационен пакет.  Ако Бугарија сака да ги испочитува европските правила, таа се соочува со алтернативата или да преговара за билатералниот договор со „Гаспром”, или да го прекине, што сепак ќе доведе до плаќање на казни. Санкции исто така најверојатно ќе има и ако земјата не се усогласи со европските регулативи. Инаку, Грција веќе излезе од игра. Светските аналитичари коментираат дека сепак во проектот Јужен поток има и политичка позадина, особено после најавите на високи дипломати од САД, кои реагираа и до Бугарија, Србија и Македонија дека со овој проект Русија го зголемува влијанието на Блаканот и дека не треба да дозволат толкава зависност од рускиот гас. Јужен поток е мегагасоводен проект „Јужен поток“ е од стратешко значење за енергетката безбедност во Европа и според првичните планови треба да биде пуштен во употреба до крајот на 2015 година.  Проектот Јужен поток чини 16 милијарди евра. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија, а останатите држави ќе бидат приклучени преку краците. Гасоводот Јужен поток со капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно ќе обезбедува греење, топла вода и снабдување со струја за околу 30 милиони домаќинства во Европа. И.М.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи