19 Декември, 2025
0.0623

Дали Македонија пишува нова, Шарена историја?

Објавено во: Економија 09 Мај, 2016 08:28

Добивај вести на Viber

Во моментов се испишува историјата на бунтот, на протестот, на крикот за право и правда.  Се создава Македонија на граѓани кои солидарни во различностите се борат за демократско општество. Ова е историја на шарената Македонија која бара политиката никогаш повеќе да не биде монопол на политичарите и партиите, што од своја страна подразбира активни, мислечки и одговорни субјекти – граѓани. Ќе се послужам со една мисла од големата Хана Арент која вели дека е опасно да се мисли, но како што покажала ужасната историјата на 20 век, со фашизмот и холокаустот, уште поопасно е да не се мисли. Оваа нова историја ја испишуваат сите оние коишто мислат  и коишто одбиваат било кој или било што да им го успие разумот- вели за Фактор, проф.  д-р Ирена Стефоска од  Институтот  за национална историја. Вредностите кои ги промовира Шарената револуција, според неа се истовремено и вредности на антифашистичка Европа, во чие што јадро стојат слободата, правдата и еднаквоста. Современата македонска држава е родена токму на овие темели, оттука вели  обврска е и на меѓународната заедница,  на ЕУ и на САД, цврсто да застанат зад овие вредности, и зад граѓаните коишто се борат за нив – да не замижуваат пред оваа длабока и тешка институционална криза во која се наоѓа земјата.Моменталната општествено-политичка состојба ја опишува како сложена, неизвесна, ризична, но и катарзична и верува дека сме  дојдени до точката на пресврт од која нема враќање назад. 8450708255_6f4c7d0b70_o“Македонија е разбудена и на режимот му се изброjани деновите.Корените на проблемите се јасни: во општата правна и економска несигурност, во тешката и сеопфатна корупција и клиентелизам коишто го разјадуваат општеството однатре, во масовното кршење на човековите права, во селективната правда, во бескрупулозното арчење на јавните пари, во девастираните институции, во окованите медиуми, во безочната  владина пропаганда  и конечно да се послужам уште еднаш со мислата на Хана Арент, во децениското продуцирање на немислечки суштества наместо образовани, одговорни и совесни граѓани. За мене воопшто не е прашање дали имаме капацитети. Вистинското прашање е дали сме способни да ги мобилизираме сите капацитети за една трајна победа на либералните вредности, која мораме самите да ја извојуваме. Ова е наша земја, и одговорноста за неа е првенствено наша”-смета проф.  Стефоска. Гневот кај граѓаните кој го разбуди одлуката на Претседателот Иванов за аболиција на лица вклучени во криминали и спроведување на избори по секоја цена, дополнително го разбранува  артикулираното незадоволство кое  тлее со години.  Поради хипокризијата која го нагризува општеството, културата, уметноста, економијата се потешко е да се врати вербата во институциите. Задачата вели професорката Стефоска,  воопшто не е лесна. “Ние мораме да ја вратиме вербата во институции коишто ќе бидат сервис на граѓаните. Затоа што без такви институции кои им служат на граѓаните, како воопшто да зборуваме за современа држава во 21 век!  Но, тоа може да се постигне само доколку претходно јасно и недвосмислено се утврди кривичната, политичката и моралната одговорност на сите носители на политичката моќ, кои  во изминативе години ги злоупотребија и корумпираа институциите, со еден збор направија внатрешна окупација.  Не попусто еден од клучните слогани на Шарената револуција што се скандира низ цела Македонија е: НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!”-потенцира универзитетската професорка. Секој од нас, исправен пред сопствената совест, според неа  мора да се запраша, во каква Македонија сака да живее и каква Македонија им остава на следните генерации.Особено оние граѓани кои се дел од контрапротестите и кои незнаат или не сакаат да видат кои се проблемите под површината и чии интереси треба да се одбранат. “Во контрапротестантите гледам една жалосна маса, на понижени, уплашени, и веројатно уценети луѓе, поведени од истите оние кои многу долго  си поигруваат со човечките судбини, одземајќи им го правото на достоинствен живот, кое патем во Универзалната декларација за човековите права, зазема едно од примарните места. Верувам дека контра-протестантите можат да разберат дека оние коишто ги повикуваат на контра-протести, всушност ги водат во омраза, во желба за елиминирање на другиот и на различноста додека наспроти нив, стоиме сите ние кои ги повикуваме да ни се придружат во името на правдата, слободата, достоинството, еднаквоста”- нагласува историчарката Стефоска. Секојдневно, забележува таа,  расте бројот на граѓаните на кои им е сосема јасно дека власта со своето однесување кое во основа  го опишува како  насилно и самоволно, спакувано во квази-демократски процедури, во испразнет – авторитарен легализам, во суштина ги поткопува темелите на демократијата. Оттука, смета дека граѓаните уште повеќе ќе се мобилизираат и нема да отстапат од своите барања кои повеќекратно и на различни начини ги декларираат. “Сите ние сме граѓани! И Ѓорѓе Иванов, и селанецот, и професорот, и уметникот и политичарот...Никој не може и не смее да биде над законите и над Уставот. Во општество кое претендира да биде демократско никој не може и не смее да се обесправува и да биде подложен на тортура независно од неговата/нејзината социјална и било која друга припадност. Зарем насилството и говорот на омраза што со години го трпат граѓанските активисти или студентите, бездруго и срамните притвори коишто судот им ги определи на неколкумина од  „шарените“ , се поприфатливи?”-додава Стефоска. Затоа  на крајот само порачува: “Над Македонија се раѓа ново сонце на Слободата!” С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд