19 Декември, 2025
0.0889

Дали Мекдоналдс ќе биде првата жртва на новата студена војна?

Објавено во: Свет 18 Април, 2014 17:51

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите американски брендови, ланецот ресторани за брза храна Мекдоналдс, би можел да биде прва жртва на новата Студена војна која е на повидок помеѓу Русија и САД. Како што пишува Вашингтон пост, Мекдоналдс е првата голема компанија која по руската анексија на украинскиот полуостров Крим превзема чекори за повлекување од сите свои активности во тој регион. Иако Крим денес дефакто е дел од Русија, голем број Руси, обични граѓани како и политичките елити не гледаат позитивно на оваа „провокација“ на Мекдоналдс. Дури и покренаа иницијатива на американскиот ланец за брза храна да му се забрани да работи на територијата на цела Русија. Иницијативата ја започна познатиот ултранационалист Владимир Жириновски, претседател на Либералната партија, а дека не се работи за нормална реторика на политички екстремизам, говори фактот дека мнозинството Руси се согласуваат Мекдоналдс да биде затворен во нивната земја. Според истражувањето на една локална агенција за анализа на пазарот „СуперЏоб“, повеќе од 62 проценти од Русите сакаат американскиот ланец за брза храна да си замине од нивната земја. Мекдоналдс доби дозвола за работа во тогашниот Советски сојуз уште во далечната 1988 година, по 14 години преговори, а првиот ресторан беше отворен во последниот ден од 1990 година на плоштадот Пушкин во центарот на Москва. Отворањето беше проследено со голема рекламна кампања со слоганот „Ако не можете да дојдете во Америка, дојдете во Мекдоналдс во Москва“. Еуфоријата од отворањето на првиот ресторан и километарските редици на љубопитни купувачи, не наидоа на воодушевување од тогашните политички лидери. Интересно е тоа што во менито во ресторанот еден Биг Мек чинел пет рубљи, што е половина од просечната дневна заработка на еден Русин во тоа време. Денес во Русија има 418 ресторани на Мекдоналдс. И.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците