05 Декември, 2025
0.0467

Дали најголемата светска економија излезе од ледената прегратка на зимата?

Објавено во: Анализа 09 Мај, 2014 09:11

Добивај вести на Viber

Поднесените првични молби за помош при невработеност во САД минатата недела се намалија за повеќе од очекуваното, покажуваат неделните податоци на Министерството за труд. Во неделата што заврши на 3 мај, бројот на американските граѓани кои поднеле за првпат апликација за добивање на помош при невработеност паднала до 319 000. За споредба - во минатата недела нивниот број беше ревидиран до 345 000, а пазарните учесници очекуваа дека 325 000 луѓе ќе бараат помош од владата. Истовремено тековните апликации за помош за невработеност исто опаднаа - до 2.67 милиони во текот на неделата што заврши на 26 април, во споредба со претходните ревидирани во насока надолу од 2,76 милиони и пазарни проценки за 2,76 милиони. Четири неделната опаѓачка статистика на средно ниво е 324 750, што е раст од 4 500 од ревидираната минатата недела, откриваат од американското Министерство за труд. Просечната за минатата недела беше ревидирана нагоре со 250 од 320 000 до 320 250. Последните вести за пазарот на труд доаѓаат по објавената, минатата недела, информација за работните места надвор од земјоделскиот сектор за април. Американската економија додаде нови 288 илјади работни позиции минатиот месец, открија податоците на Бирото за труд статистика. Резултатите се покажаа над очекувањата на аналитичарите и посочија дека најголемата економија во светот е излезена од ледената прегратка на зимата. Во април стапката на невработеност во САД се спушти до 6,3%, иако во текот на месецот нивото на вработеноста исто се спушти за 0,4 процентни поени до 62,8%. Пријавените нивоа се доближија до декемвриските и го потврдија она за што многумина аналитичари зборуваат во последните месеци - но најголемиот пад на невработеноста во САД се должи повеќе на контракцијата на работна сила отколку на подобрувањето на пазарот на трудот. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени