29 Септември, 2024
0.0252

Дали наскоро ќе имаме заладување и снег?

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Во Македонија продолжува серијата на влажни воздушни бранови кои доаѓаат од Атлантикот.

Нови врнежи кај нас се очекуваат веќе од петок, па за време на викендот и повремено тие ќе бидат обилни и локално проследени со појава на грмежи, како и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец.

„На високите планини (над 2000 м.н.в повремено ќе има врнежи од снег). Не се исклучува можноста повремено снежната граница во западните  и во северозападните предели да се спушти и под 2.000 метри. Во петок и во сабота на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Локално до самиот крај на оваа седмица повторно ќе наврне значително количество на воден талог, и тоа нови над 30 л/м2 воден талог. Инаку со последниот влажен воздушен бран од Атланикот, најмногу дожд кај нас наврна во Дебар, и тоа 38 литри дожд. И во Скопје  и околината од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и проследени со засилен ветер од јужен правец. Температурите во следниот период ќе бидат пониски и тоа поради продорот на постуден воздух од север, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Минималните температури пак ќе бидат исто така се пониски и на многу места ќе се спуштаат до околу, па и под 5 степени, а понекаде, особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат и до околу -2 степени, со што го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона, не само во Малешевијата, туку и на други места низ Македонија“, вели метеорлогот Славчо Попоски. 

Ако вака останат работите, уште поголемо заладување на времето кај нас ќе има околу 20 ноември, и тогаш освен на повисоките места и на планините, снег се очекува и во градовите во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“