06 Мај, 2024
0.0239

ДАЛИ НАВИСТИНА САКААТ ДА РАБОТАТ ИЛИ СЕ НЕВРАБОТЛИВИ - бројката на невработени паѓа и во јули, ама темпото забавува

Објавено во: Економија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Невработеноста продолжува да се намалува и во јули годинава, но она што е забележливо, е дека трендот како да забавува, согласно бројките на Агенцијата за вработување.

Па така, ако само во јуни бројот на невработени во земјава се намали за близу 2.400 лица, веќе во јули тоа „минусирање“ на невработените е значајно пониско, и изнесува само 752 граѓани што бараат работа помалку на списокот.

Или, на крајот на јули бројот на невработени е 117.049, наспроти 117.801 лице кои немале работа на крајот на јуни. Тоа говори дека се уште имаме позитивен тренд кај симнувањето на бројката на невработени, но темпото не е тоа што беше.

Дали веќе нема капацити каде што би се вработувале граѓаните, односно дали се исцрпеа и се пополнија слободните работни места, што како теза би се побило поради фактот што бизнис заедницата постојано се жали дека не може да обезбеди доволно квалификуван кадар за своите потреби.

Или, пак, на пазарот остануваат невработени лица кои влегуваат во ткн. категорија „невработливи“, и тоа делумно поради возраста, нивото на образование и слични карактеристики, кои ги прават не сосема пожелни за работодавачите, иако нив им е потребна работна сила.

А, постои и една трета опција, а тоа е дека во странство заминаа оние кои беа способни за тоа или имаа сериозни намери, па сега нема нови намалувања на бројката на невработени по таа основа.

Инаку, како што претходно пишуваше Фактор, во јуни бројот на невработени се намали за точно 2.373 лица.

Поволни бројки имавме и во претходните месеци, откако трендот на намалување на невработеноста почна уште во март лани, а по пикот во февруари, кога беше 159 илјади невработени лица.

Причина за високата невработеност беа големиот број отпуштања предизвикани од ригорозните ковид рестрикции, но, по нивното намалување или укинување, бројките на невработени почнуваа да одат надолу. Па така, ако во февруари лани имало 159.608 невработени, секој нареден месец невработеноста паѓаше, достигнувајќи ја на крајот на минатата година бројката од околу 131 неврботени. Поволниот тренд на пад на невработеноста продолжи и во оваа година, и покрај големата енергетска криза која ги зголеми значајно трошоците на компаниите и ја наруши економската активност.

Па така, ако на крајот на јануари сме имале 127.723 невработени, пет месеци подоцна, односно на крајот на јуни, нивниот број изнесуваше 117.801 невработени, а сега веќе и на 117.049 на крајот на седмиот месец од годинава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот