19 Декември, 2025
0.0356

Дали ниските даноци се доволни за привлекување странски ивеститори?

Објавено во: Економија 21 Март, 2016 08:32

Добивај вести на Viber

Висината на даночните стапки се еден од клучните услови на кои посветуваат внимание странските инвеститори кога носат одлуки за инвестирање. “Бизнис инсајдер” ја рангираше Македонија на првото место на листата  на 18 рангирани земји во светот, како земја со најниска вкупна даночна стапка во висина од 7,4 отсто.  Зад Македонија, се Хрватска и Црна Гора. Сонизата поволности што Владата им ги нуди на странските инвестиции, Македонија во регионот заостанува по учеството на СДИ во бруто домашниот производ.  Анализите покажуваат дека странските директни инвестиции достигнуваат и до 10% од БДП во некои земји од регионот. Хрватска во 2014 според податоците од хрватската Народна банка, имала прилив од странските инвестиции во висина од 2,87 милјарди евра. -Анализирано во апсолутен износ, најголеми приливи од СДИ имаат Србија, Бугарија и Албанија, додека Македонија, Косово и Босна и Херцеговина најмалку, се истакнува во одредени анализи. Последните податоци од Народната банка за основни економски показатели, покажуваат дека во првиот квартал од 2015 учеството на странските директни инвестиции во БДП било 3,1 отсто, а во вториот квартал 2 отсто. Во четвртио квартал ова беше на уште пониско ниво. Дали даночните олеснувања се клучниот сегмент за привлекување на странските инвеститори? Дел од економистите сметаат дека даночните стапки не ја играат главната улога во одлуките на странските инвеститори, големо влијание имаа законските решенија, стабилноста, политичката состојба во земјата. -Странските инвеститори не бараат само најниски даночни стапки, туку многу повеќе од тоа. Клучно при донесување на одлука за инвестирање е: постојноста на законските решенија, сигурноста на инвестициите, политичката клима, комуникациското поврзување, достапноста до потребните енергенси, квалификуваната работна сила, цената на трудот. Сите тие предуслови се неопходни за да може инвеститорот да процени, т.е. какви приноси од влоѓениот капитал може да очекува. Активноста на Владата за привлекување на странски инвестиции е за секоја почит, но вистината не учи дека тоа не е доволно. Сите земји од блиското опкружување, иако имаат  повисоко даночно оптоварување, имаат неколку пати повеќе странски инвеститори. Странскиот капитал не доаѓа поради тоа што нам ни требаат, туку за свој интерес.Прашањето е, кои се тие други предности (освен ефтината работна сила и ниското даночно оптоварување) што можеме да им ги нудиме на странските инвеститори? Како приоритет се наметнува, надминување на политичката криза, постојаност на законската регулатива и гаранции за вложениот капитал и остварената добивка. Но, важно е уште нешто, странскиот капитал бара, освен институционална поддршка, уште и поддршка од домашните стопански субјекти, способни за соработка ( производна, услужна), во доменот на снабдување со сето тоа што како ресурси располагаме. Секако странските инвеститори бараат и квалификувана работна сила која е способна да се вклучи во производниот процес. Досегашниот  период беше идеален за привлекување на странски инвестиции во областа енергетиката, гасификацијата, инвестиции во инфраструктурата, како и инвестиции кои би биле во функција на надминуванје на т.н. временска дистанца во примената на нови знаења и технологии. Можевме и повеќе и подобро, изјави неодамна универзитетскиот професор, Сами Бислими.  

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?