Добивај вести на Viber
Новите санкции од страна на САД против Русија, ќе имаат минимално влијание врз веќе ослабнатата руска економија и нема многу да допринесат за мешањето на политиката на Москва против Украина, пишува CNN.
На последната трета фаза на санкциите на САД и Европа наложени се ограничувања за патувања и замрзнување на имотот на 54 луѓе од опкружувањето на рускиот претседател Владимир Путин. Покрај тоа, САД нишани кон 17 руски компании, и EУ подготвува нови мерки на листата за во вторник.
Извозот на енергија и стоки за широка потрошувачка, кои претставуваат основен двигател на руската економија, останува непроменет, а финансиските санкции се ограничуваат до тесна група на банки.
Останатите компании, кон кои се наметнати санкциите се исто така поврзани со високи руски лица и олигарси кои веќе се на листата.
Американските политичари сепак признаваат дека не очекуваат итна промена во руската политика. Според нив постепениот пристап вклучува закана од санкции во клучни за руската економија сектори, со времето ќе влијаат врз однесувањето на Москва.
Санкциите и ризикот од зголемување на тензиите во Украина веќе се одразија негативно на руската економија. Слабиот нејзинт раст во 2013 година најверојатно ќе премине во рецесија подоцна оваа година, откако инвеститорите ќе ги продадат руските средства, испраќајќи ја рубљата надолу, а инфлацијата - нагоре.
Каматите за бизнисот и домаќинствата растат, потиснувајки ги уште повеќе инвестициите и економската активност. Централната банка на Русија беше принудена да ја укине каматата за вториот последователен месец минатиот петок, откако кредитниот рејтинг на земјата беше деградиран до втората најниска инвестициска оценка.
Експертите, меѓутоа, сметаат дека единствено поголеми размери ќе заземат санкции насочени кон клучни бизнис сектори и ќе имаат вистински ефект.
Дури пазарите беа подготвени за повеќе цврсти мерки во понеделник - рускиот индекс MICEX се искачи со 1,5%, а рубљата се качи од 0,4% во однос на доларот. Акциите на една од најголемите финансиски групи во Русија - VTB Bank, поскапеа за 2,5%.
Сепак ниту САД, ниту Европската унија се подготвени да воведат санкции на рускиот енергетски сектор или на индустријата како целина, сметаат американски и западноевропски дипломати.
Испораките на гас и нафта претставуваат околу 70% од извозот на земјата и ја снабдуваат со странска валута, што и овозможи да стекнат 477 милијарди долари резерви кон крајот на 2013 година. И додека ова остане непроменето Москва ќе располага со солиден финансиски тампон кој ќе се користи против ефектите од санкциите во други сектори.
Рускиот државен буџет се потпира главно на приходите од природен гас и нафта, а земањето на заедничко решение за големи казни во овие сфери сеуште е малку веројатно ", смета аналитичарот на консултантска корпорација TeneoIntelligence.
Американски политичари се убедени дека Европа ќе поддржи евентуални активности против енергетскиот сектор наРусија , ако нејзини војници упаднат во Украина . Голем дел од власта во Европа сепак се надеваат да не дојде до такви мерки , бидејќи последиците за европската економија , исто така нема да се мали.
Околу 30% од гасот во Европа доаѓа од Русија , при што околу половина од него поминува низ Украина . При евентуална трговска војна ЕУ исто така би изгубил повеќе од САД - европскиот извоз во Русија е еквивалентно на 170 милијарди долари во 2013 година. Само германскиот извоз е во вредност од 36 милијарди долари, иако некои од германските компании веќе ги чувствуваат последиците од забавувањето на руската економија.
К.К.