23 Ноември, 2024
0.0255

Дали обилните дождови ќе нè остават без доволно квалитетна храна?

Објавено во: Агробизнис 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Деновиве во Македонија имаме обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави. Поплавени се и земјоделски површини, со што постои ризик оваа година да немаме доволно храна или пак нема да имаме доволно квалитетна храна.

Можно е поплавите целосно да ги уништат некои од засадените земјоделски култури или да се развијат болести кои ќе се одразат на квалитетот. Ќе има потешкотии за собирање на житата од нивите, а болести ќе се развојат кај лозјата, градинарските култури, овошките.

Кај нас во беровско, погодени ќе бидат сливите, вишните, но и праските, кајсиите ќе страдаат. Ако досега кај овошните дрвца имаше болести на листот, сега ќе бидат зафатени и плодовите. Во овој крај се сади компир, и кај него ќе се развијат штетници. Имаше една поговорка останата од постарите која вели дека кога има суша има род, но кога има многу дожд, има штети. Сега штом времето ќе се опорави, за ден, два, земјоделците треба да почнат да прскаат, да ги заштитат културите колку можат, но тоа значи и изложување на трошоци. Сточарите ќе имаат проблем на вакви временски услови да го соберат сеното, луцерката“, вели Весна Сeвдинска, агроном.

Ристо Велков, претседател на Земјоделскиот Синдикат од Струмица објаснува дека тој лично веќе почнал со заштита на полјоделските култури по поројните дождови.

„Имаме влага, а штом ќе се појави и топлина, тоа е предуслов за развој на болести и штетници. Краставицата, доматот, пиперката се осетливи. Тој што сериозно се занимава со земјоделство, си презема мерки за заштита“, рече Велков.

Иван Зафировски, агроном од Битола вели дека овие дождови се добредојдени за пченката и сончогледот, но не и за другите култури.  Градинарските култури ќе бараат повеќе прскање. Тој објаснува дека проблем е тоа што во земјава, на исти површини  10-15 години, земјоделците садат една иста култура и препорачува дека е подобро на две години да се сади нова култура.

Големи количини дожд паднаа во Прилеп, Пожаране, Демир Капија и други населени места. Излевања имаше во Крива Паланка, Кавадарци, Куманово, во тетовско и во други делови од Македонија. Во новата работна недела, според синоптичарите, ќе имаме стабилизација на времето.

Сања Атанасовска

foto freepik/com/gpointstudio

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку