18 Декември, 2025
0.0596

Дали ОФ ШОР ГРУПАЦИЈА плете мрежа околу МАКПЕТРОЛ?

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2016 09:19

Добивај вести на Viber

На два дена пред одржување на денешното акционерско собрание на Макпетрол, цената на акциите на компанијата пораснаа за 3.100 денари. Односно, ако во средата се продаваа за 17.900 денари, веќе вчера нивната цена достигна 21.000 денари.  При тоа, во четвртокот цената на акциите се зголеми за 6,5 отсто, а во петокот за 10 отсто. Сето ова се случува, откако сомнителна офф шор компанија од Кипар до надлежните институции и до менаџментот на нафтената компанија, достави  допис со кој посочува дека сака да влезе во Макпетрол, преку понуда за откуп на акции. Од Макпетрол информираа  дека дописот е со некомплетна документација, а од Македонската берза посочија дека иако првично не добиле потврда за полномоштво на овластен претставник сепак подоцна им пристигнал и тој документ. Но, која е компанијата што најавува дека сака да влезе во Макпетрол? Станува збор за Балкан Петролеум со седиште во Лондон. Основана е на 28, мај годинава, односно, само дванаесет дена пред да биде доставен дописот дека сака да влезе во Макпетрол. Балкан Петролеум е основана со 1.000 евра, или има 1.000 акции со вредност од едно евро. Од документите со кои е регистрирана Балкан Петролеум се гледа дека оваа компанија е во сопственост друга фирма од Кипар, со назив  Даволиа Холдинг. Таму како директор се јавува лицето Елиас Милтиадоу, а секретар е Софиа Анастасиу. За да биде уште поинтересно, документите од регистарот на Кипар покажуваат дека и Даволиа Холдинг е сосема нова компанија. Основана е на 17, мај годинава, а девет дена потоа, Даволиа Ходинг ја основа Балкан Петролеум во Лондон. Директор на Балкан Петролеум е британецот Василис Евдокимов. Истото име и презиме се сретува и во „Панама Пејперс“. Но, Евдокимов, не е директор само на оваа компанија, туку спроед регистарот се јавува на директорската позиција на повеќе од дваесет компании во Лондон. Ако името на Василис Евдокимов се испише на официјалниот регистар во Лондон, тогаш се гледа дека Евдокимов бил директор во повеќе компании. Дел од нив се уште се активни, но дел се згаснати, а нивната нето вредност според информациите е нула. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа