Дали парите депонирани во банка се сигурни?
Објавено во: Анализа 16 Февруари, 2014 09:30
Валутата на штедење треба да се усогласи и со целта заради која штедите. Така, доколку со заштедените пари планирате инвестиција или купување во денари, тогаш е поисплатливо да штедите во денари. Во спротивно, ќе плаќате курсна разлика за конвертирање на денарот во странска валута и обратно, а тоа е чиста загуба.
Во моментов, каматите во Македонија се намалуваат, но заштедите и натаму растат. Просечните каматни стапки на денарски депозити без девизна клаузула за граѓаните во 2006 година изнесуваа 5 отсто, во јануари 2010 година достигнаа 8,5 отсто, а во септември 2013 се намалија на околу 3 отсто. На депозитите орочени повеќе од една година, каматната стапка во декември 2006 година изнесувала 8 отсто, во јануари 2010 година пораснала на 10,7 отсто, за во септември 2013 да падне на 5,5 отсто.
Сепак и ова е повеќе од годишната стапка на инфлација во Македонија, која во 2013 година изнесуваше 2,8%, што го прави штедењето сè уште исплатливо иако далеку помалку отколку претходните години. И покрај надолниот тренд на каматите, заштедите континуирано растат. Граѓаните во моментов во банка чуваат околу 3 милијарди евра, а со заштедите на фирмите вредноста на депозитите се искачува на 4,2 милијарди евра.
Според последните податоци од НБРМ, речиси половина од депозитите се во денари, додека остатокот се во странска валута, најчесто евра.
Б.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





