Дали Пешевски ќе го „турка“ задолжувањето со еврообврзницата?
Објавено во: Економија 18 Јули, 2016 18:27
Незадоволен од капацитетот на министерот за финансии Кирил Миноски, Никола Груевски денеска го поставил проверениот Владимир Пешевски за главен играч во продолжението на издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра, се наведува во соопштението на СДСМ.
„Во седумминутната телефонска врска со потенцијалните инвеститори којашто ја водел Пешевски, според информациите што ги имаме, како соучесници биле присутни и министерот за финансии, министерката за информатичко општество и администрација, заменик министерката за правда и се разбира верниот послушник на Груевски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов. По кратката седумминутна телефонска врска, состанокот бил завршен. ДУИ очигледно се обидува да се затскрие, со тоа што на телефонскиот состанок со инвеститорите не присуствувал министерот за правда, но според информациите што ги имаме тој сепак, по налог на својата партија и дал овластување на заменик министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да потврди од името на Министерството за правда, дека постапката за издавање на еврообврзницата е согласно законите“ - реагираат од СДСМ.
Од партијата сметаат дека молкот на ДУИ по ова прашање упатува на тоа дека Али Ахмети се испазарил како и многу пати до сега со Никола Груевски.
Дали ќе имаат за леб граѓаните, никогаш не било во сфера на нивниот интерес, додаваат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




